Париз е познат по модата, стилот, вкусната храна, Ајфеловата кула, беретките и парфемот. Исто така, познат е и по астрономските кирии и цени по квадрат на становите за живеење, па секој би помислил дека Париз е резервиран за оние кои имаат подлабок џеб.
Како и да е, секогаш има исклучоци, па желбата на Китоко студиото да му пркоси на правилото дека не може секој да си го дозволи Париз, поттикнала иницијатива најмалите соби во градот да се претворат во комплетно опремен простор за живеење. Толку мал простор не е за секого, но, како што е случај во видеото кое ќе го погледнете, кога нешто навистина се сака, зборот „невозможно“ не постои.
Овој стан од само 8 метри квадратни е поранешна соба од стилот „chambre de bonne“, и за разлика од повеќето соби од ваков тип кои делат бања и кујна со други, овој дом си има сé што му е потребно. Не е ни чудо што архитектите велат дека се инспирирале од swiss army ножевите – овој стан е толку функционален што дури е и неверојатно! 🙂
[facebook_post url=”https://www.facebook.com/GoldenArtMKD/videos/780885925346666/” width=””]