Кафе масички, клуб масички, коктел масички… Листата е толку долга, што не сме баш сигурни дека некој друг предмет во домот има толку различни имиња и намени. Кога ќе размислите колку важна и функционална употреба имаат овие навидум малечки парчиња мебел во дневната соба, можеби и ќе Ви стане чудно зошто толку често го занемаруваме нивниот изглед.
Првиот елемент на кој помислувате при декорирањето на дневната соба е најчесто гарнитурата за седење. Но без клуб масичка, собата – без разлика колку е убаво декорирана, изгледа недовршено. Метафорички, гледајте ја гарнитурата како совршена комбинација на облека, клуб масичката во тој случај се оној совршен пар чевли кој го комплетира целиот изглед 😀
Разгледајте ја вашата дневна соба и размислете – време ли е за нова клуб-масичка? Доколку одговорот е да, ви предлагаме неколку модели кои освен што добро изгледаат, ќе бидат и многу функционални. Разгледајте ја галеријата и одберете си фаворит кој највеќе Ви се допаѓа. Ние се одлучивме за проѕирната масичка изработена од акрил! 🙂