„Дом. Не само стан.“ е мотото кое веќе со години ни е главна водилка во процесот на планирање и градба. Секогаш се трудиме на купувачите да им понудиме повеќе од очекуваното, и потпоплно да ја оправдаме нивната доверба. Знаеме дека одлуката да се вложи во нов дом не е воопшто лесна, па оттука доаѓа и нашето залагање да се обрати внимание и на најмалиот детаљ во изградбата, од темелот до покривот на една зграда.
Често добиваме прашања од клиентите во врска со поткровјата во нашите објекти, најчесто поврзани со енергетската ефикасност и дали постои загуба на енергија преку покривот.
Во процесот на изградба ги применивме сите наши знаења и долгогодишното искуство од областа на енергетската ефикасност, и на поткровјата во Golden Art им дадовме една поинаква димензија. Загубата на енергија преку покривот е комплетно избегната со користење на посебен систем за изолација на последниот кат на секој наш објект.
Дополнително на тоа:
- Доколку одлучите да купите стан во објектот 1.1 од комплексот Urban Garden, добивате стан со вграден систем за греење и ладење кој гарантира пријатна температура и освежен воздух во целиот стан и пониски сметки во текот на целата година.
- Golden Art системот за градба обезбедува заштеда на енергија за греење и ладење, во пријатен и здрав амбиент за живеење;
- користиме првокласни лифтови кои со брзина и ефикасност ќе ви го олеснат секојдневието;
- бидејќи внимателно ја одбираме секоја локација, оние кои ќе се одлучат за поткровје ќе уживаат во чувството на приватност, а во исто време и во одличната пристапност до сите точки на Скопје;
Достапните станови на последен кат во Urban Garden се следните:
Цената на становите е 1.020-1.070€/m2, во зависност од начинот на плаќање.
За сите останати информации, нашиот тим Ве очекува на 071/225-888 и 075/225-888, во рамки на следното работно време:
Понеделник – петок: 08:00-16:00 часот
Сабота: 08:00-13:00 часот
Golden Art
Дом. Не само Стан.