Иако на градежниот пазар „Голден Арт“ како компанија постои 13 години, традицијата на изградба кај семејството Јакимовски е присутна многу подолго време.
Според генералниот директор Ивица Јакимовски, со самото основање на „Голден Арт“ тие го продолжија патот по кој што чекореле нивниот татко, дедо и останатите предци.
- Традицијата која „Голден Арт“ ја продолжува е повеќе од 100 години. Така што не е случајно што сме во тој сектор. Со основањето на „Голден Арт“ во 2005 година поставивме одредени приоритети и цели, кои денеска ги имаме постигнато – вели Јакимовски.
Компанијата како комплетна реализација досега има реализирано 65 објекти, меѓутоа, смета Јакимовски, не се сведува сѐ на бројка, затоа што секој објект има посебна приказна зад себе, секој објект се реализира во различен временски период.
Еден од објектите кој според Јакимовски во многу нешта е пример за добро градење е објектот на „Голден Арт“ во Карпош.
- Тој објект влегува во делот на системи коишто „Голден Арт“ ги има поставено – Голд системот. Се разликува од останатите системи затоа што се работи за изградба со повисока класа на материјали, кои додаваат повисока вредност на самиот квалитет. Сѐ што е вклучено во фазите за изградба на еден објект, буквално во сите сегменти, е кренато на едно повисоко ниво – вели Јакимовски.
Целиот текст прочитајте го тука.