Жолто, жолто, жолто!

Dusty_Pink_and_Yellow_Interiors_via_Design_Lovers_Blog
Кога мислиме на пролет, мислиме на свежина, топлина и разиграност. Нема поубав начин да се подготвите за годишното време кое следува, од тоа да внесете свежи бои во декорот. А што сјае повеќе од бојата на Сонцето?

Жолтата, иако навидум пресилна и пренападна, е боја која може да изгледа неверојатно стилски и елегантно доколку остатокот од просторот е балансиран и доколку ги одберете соодветните предмети. Можеби ќе одлучите да ја комбинирате со црна бела и сива – за минималистички, но и модерен ефект. А можеби Вашиот избор ќе биде да ја употребите жолтата во комбинација со други силни бои – за поп-арт ефект. Како и да е, оваа моќна боја ќе внесе радост секаде, од ходникот до спалната соба! Впрочем, не е ни случајно тоа што секое smiley изгледа повесело кога е обоено жолто,  зар не? 😀