Лоциран само неколку чекори од Централ Парк и најпознатите ресторани и музеи во Њујорк, ќе најдете интимна оаза чиј проект е именуван едноставно 737 Park Avenue. Новоизградената зграда е убаво испланиран концепт чие обележје се светлите домови.
Овој дом е дело на Handel Architects тимот, во соработка со Poliform и Varenna, за да го пронајдат најдобриот и најстилскиот дизајн за уредување на становите во зградата. Мермер и дрво биле користени во изобилство, давајќи нежен и исполиран изглед на домот. Светлите бои внесуваат интересен контраст со белите ѕидови, истовремено давајќи чувство на удобност и топлина. Дневната соба и трпезаријата се споени со open-plan дизајн, додека кујната може да се изолира по желба – со лизгачка врата. Практичен пристап е употребен и за просторот за складирање, кој е вешто сокриен од човечкото око. Идеално, нели?