Ги отвораме портите на нашето градителско чедо со пригодна церемонија. По месеците минати во напорна работа, со особена гордост можеме да соопштиме дека свеченото отворање на станбено – деловниот објект „Голден Арт“ ќе се одржи на 26 ноември (среда), со почеток од 16 часот. Пуштањето во употреба на новите станови ќе го одбележиме со коктел, додека за посетителите на настанот приготвивме специјално изненадување што ќе го чуваме во тајност. Свеченоста ќе се одвива во кругот на станбеното здание на улицата Руди Чајевац бр.15, позади „Тобако 2“ во населбата Стар Аеродром.
Во рамките на овој настан, предвидено е да ги доделиме клучевите од новоизградените станови од нашата зграда, а ценетите гости ќе можат одблиску да се запознаат и со ентериерното уредување на станбено – деловниот објект и со бројните предности на нашиот начин на реализација на градителските проекти. Како предвесник на иновациите во градителството, оваа станбена зграда претставува системска градба која за прв пат се применува во Македонија. Со вложувањето во строгата примена на мерките за енергетска ефикасност, нашата зграда ја достигна престижната класа „А“ во заштедата на енергија во становите.
Како пионери во воведувањето на новитети во овој сектор на недвижности, во станбено – деловниот објект „Голден Арт“ целосно е решено паркирањето на станарите со иновативен подземен гаражен простор. За да се процени високиот квалитет на нашата градба, доволно е да се споменат вградените градежни материјали во новоизградените станови, меѓу кои ќе ги наведеме: проверената хидроизолација со адитиви на бетон на словенечката компанија „ТКК“ (TKK), иновативните термо блокови на хрватската компанија „Нексе“ (Nexe), енергетски ефикасните прозорци со профили од германската компанија „ВЕКА“ (VEKA AG), трослојно стакло на француската „Сен Гобен“ (Saint Gobain) и најквалитетен оков од австриската „МАКО“ (MACO), потоа водоводната инсталација со исклучителниот систем „Раутитан“ од германската компанија „РЕХАУ“ (REHAU), врвната термичка фасада од австрискиот производител „Баумит“ (Baumit) и првокласниот паркет во становите од норвешкиот производител „БОЕН“ (BOEN AS).
Станбено – деловниот објект „Голден Арт“ се состои од 117 станови, распоредени на осум ката и поткровје, како и деловни простории во приземјето. Лоцирано во населбата Стар Аеродром, зданието е на само пет минути пешачење од приградската и меѓуградската автобуска станица и главната железничка станица. Во непосредна близина на нашата зграда се наоѓа пошта, градинка, основно училиште, здравствен дом и голем трговски центар.