Уникатен дом од соништата

architecture-modern-home

Лоциран близу центарот на Варшава, овој стан од 120m² претставува мешавина од строгиот стил на полските ентериери и скандинавската умешност белата боја да изгледа топло. 

Станот се состои од пријатен дневен престој споен со трпезаријата и малечка кујна – основен елемент за секоја домаќинка која ужива во готвењето за своите најмили (и ова ни најмалку не треба да значи дека мажите не треба почесто да изненадуваат со по некој вкусен оброк 😉 ).

ideas-modern-home interior-modern-home modern-home-3 modern-home-5

Сончевиот ходник со многу плакари е надополнет со семејната библиотека (токму како што Ви предложивме тука) и овозможува доста место за складирање.

modern-home-8 modern-home-9

Сите три спални соби – една родителска и по една за двете деца се продолжение на стилот кој доминира во целиот простор – едноставен и чист дизајн, без пренатрупување, со употреба на светли тонови и црната боја како контраст. Ентериерот е „омекнат“ со некои графички елементи во црно, што се забележува во рамките за фотографии, огледалата и челичните линии на мебелот. Избегнати се завеси за да се зачува чистиот изглед, и тие се заменети со едноставни ролетни на повлекување, за приватност и затемнување по потреба.

modern-home-10 modern-home-11 modern-home-20 modern-home-22

Двете бањи, иако во сличен стил, имаат контрастен дизајн во поглед на боите, едната е темна, со индустриски елементи во дизајнот, а другото, пак, е снежно бело и изобилува со светлина.

modern-home-14 modern-home-16 modern-home-17

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!