Удобност и широчина сместени во три соби

Stockholm-Apartment-2

Лоциран во Стокхолм, светлиот апартман кој ќе го видите на сликите е одлично испланиран, со доволно дневна светлина во текот на денот. Прекриен со под од дабово дрво, станот блеска со светлина и удобност. Просторниот дом е исполнет со паметни решенија за складирање, па секој предмет си има свое место. 🙂

Големата дневна соба еповрзана со спалната со стаклена врата. Целосно опремената кујна е одлично место заа време поминато со најблиските – трпезариската маса се продолжува и може да смести 6-8 луѓе. Веднаш до спалната соба, втората соба по потреба се претвора од детска во соба за гости, Големиот walk-in гардеробер обезбедува вреден простор за складирање, а ходникот е претворен во отворено скалдиште за нешта кои се користат ретко.