Мал, удобен и светол, следниов Стокхолмски дом ќе Ве освежи и можеби ќе Ве инспирира при уредувањето на Вашиот мал простор.
Површината на станот изнесува 38 ,метри квадратни, површина перфектна за креативност. Основата на дизајнот е во едноставноста и пријатните материјали. Подот е изработен од темно обоен дабов под кој дава доза на рустичност. Низ целиот стан, секој слободен милиметар е искористен како простор за складирање.
Два прозорци ја спроведуваат целата потребна дневна светлина на ентериерот: спалната соба/дневна и кујната. Високиот плафон дава чувство на грандиозност и дозволува висината да се искористи како додатен простор за одмор/читање/гости. Убаво скриен и совршено функционален е и walk-in шкафот со доволно место за сета облека и постелнини.
Со истата квадратура и уште повеќе опции за уредување, Ви го предлагаме овој дом во Карпош од нашата понуда 🙂
Ви се допаѓа овој дизајн? Сакате Вашиот нов дом да изгледа вака? Јавете се на 075/071 225-888 и закажете средба со нашите агенти за продажба, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!