Уметникот и дизајнерот за внатрешен ентериер Лук Едвард Хал никогаш не игра на сигурна карта кога станува збор за бои. Дали кога работи за Барбери или за Паркер Палм Спринг, палетата на бои на Хал е секогаш смела и секогаш возвишена.
“Сакам силни бои, и претпочитам да се држам до сличните комбинации во сè што правам”, вели Хал, кој наоѓа инспирација во дизајнот од времето на Викторијанската ера, како во филмовите на Вес Андерсон.
Тој сподели некои од неговите комбинации на бои кои ги има користено во неговиот стан во Лондон. Еве некои од омилените:
ЕМОЦИИ ОД ШОКАНТНИ НИЈАНСИ
“Обojте ја дневната соба во темно зелена боја и вметнете некои додатоци за контраст.”
Розова и зелена се неговата омилена комбинација во собата, па вели : “Темно зелената боја може да биде доста емотивна боја, па затоа додадете и розова за да освежи. Светло розовата боја може многу убаво да изгледа на ѕидовите и убаво изгледа во комбинација со зелени растенија”
ТОТАЛНО КОНТРАСТНИ БОИ
“Јас сум обожавател на тотално контрастни бои, а светло розовата веднаш до светло портокаловата боја, секогаш ме радува”, вели Хал. “Оваа комбинација делува многу ретро, како во 70-тите, што навистина ми се допаѓа.”
ЗДИВЕНИ НИЈАНСИ ИНСПИРИРАНИ ОД ПРИДОДАТА
Користете пастелни бои кои ќе Ве однесат на друг свет. “Обожувам тапацирани столици и софи во жолта боја. Вметнувањето на светло жолта веднаш до смарагдно зелена боја, навистина ќе ве натера да врескате.”
Ова се советите од Лук Едвард Хал, погледнете ја галеријата и грабнете некоја идеа 🙂