Има моменти кога на човек му се разубавува денот со нешта кои се чинат толку мали, а се всушност огромни – како искрената детска насмевка. Денот на дрвото често знае да биде само еден обичен ден во годината исполнет со тон обврски за претстојниот период, но ние во Golden Art одлучивме да земеме здив само на кратко, да го одбележиме 2-ри Декември како што е редот и да придонесеме за поздрава околина.
Бидејќи дрвјата се белите дробови на планетата Земја, може слободно да се пофалиме дека објектот GA02 од вчера има нови бели дробови! 😀 Борчиња ќе го красат дворот на зградата и зиме и лете, а и секојдневно ќе го прочистуваат воздухот за станарите. Секако, ова не би можеле да го направиме без ведрите лиценца и вредните рачиња на овие мали суперхерои кои дефинитивно се посилни и од Супермен и Бетмен заедно!
Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!