Денес за вас подготвивме галерија од дом на семејство кое живее во Сингапур. Дизајнот е дефиниран од едноставност и прецизност – неизбежен дел од бурниот и брз живот во оваа густо населена метропола.
Килимите и вишокот елементи за уредување се излишни со оглед на тоа што секој елемент мора да е лесен за одржување. Поради високите температури, сопствениците се одлучиле за поплочен под и отворен простор со слободен проток на воздух.
Станот има две спални соби кои го следат дизајнот на остатокот од просторот. Уникатен детаљ е синиот плакар во трпезаријата со интересна текстура и лизгачки вратички со чија помош се е сокриено од видик.
Разгледајте ја галеријата: