Кога сте студент, сместувањето баш и не Ви е прва грижа на листата. Како и да е, со текот на времето доаѓа вработување, а со вработувањето доаѓа и потребата за малку повеќе простор за организација и функционирање. Овој стан припаѓа на групата мали станови (50 метри квадратни), но е совршен и за дружење со најблиските.
Архитектите го испланирале просторот на тој начин што сопствениците ќе имаат една соба за спиење и секојдневни активности, широк ходник со место за учење и работа, одвоена кујна со трпезарија, како и просторна бања. Во секоја просторија доминираат едноставни бои и елементи, а во целиот амбиент се одлично вклопени и постари парчиња мебел кои освен што изгледаат добро – го чуваат и џебот на сопственикот.
Ви се допадна ли овој дизајн? Доколку сакате нов дом кој ќе можете да го декорирате на овој начин, разгледајте ја нашата тековна понуда на овој линк, или контактирајте го нашиот сектор за продажба на 071 или 075/225-888 секој работен ден од 8-16 часот, како и во сабота од 8-13 часот.