Совршен стил и избалансираност во дом од 80m2

38848145_10155490827476671_2229547016894021632_o

Домот кој денес ви го носиме како инспирација е доказ дека секој простор може максимално да се искористи, доколку покрај себе го имате вистинскиот сојузник. Тимот на  LD Studio ги претворил овие 80 метри квадратни во вистинска стилска оаза за уживање.

Организиран на две нивоа, станот е испланиран така што секое катче добива доволно дневна светлина, а оние простории каде нема прозорец се збогатени со модерни млечно-бели светилки кои делуваат природно.

Боите кои се провлекуваат низ станот се црна, бела и сива, збогатени со елементи од дрво и декоративна цигла. Акцентски детаљ кој отскокнува е зелениот ѕид кој ги поврзува влезот и дневниот простор, давајќи му динаминка и додатна топлина на просторот.

Оpen-plan дневната соба е ефикасно организирана и во неа се сместени гарнитурата за седење, трпезаријата, кујната, многу простор за складирање, како и малечко биро за работа кое совршено се вклопува во дизајнот.

На второто ниво се наоѓа спалната соба во која недостатокот од прозорец кон надвор го компензира еден цел стаклен ѕид кој гледа кон дневната соба. На истото ниво има и малечка бања која е застаклена и отворена кон спалната.

Сите фотографии од станот погледнете ги во галеријата: