10 совети за декорирање ограничен простор

Животот во мал простор не значи и декорирање во „мал“ стил. Обидете се да ги искористите овие идеи за уредување, ќе видите дека вашиот малечок стан никогаш не бил толку широк и просторен. 

RMS_just-beachy-green-blue-living-room_s4x3.jpg.rend.hgtvcom.966.725

1. Акцент на заоблени површини

Затоа што повеќето станови личат на кутиички – забавно и освежително делува ако во просторот се внесат облини. Не, не мислиме на Кардашиан облини, туку на мебел со заоблени агли, округли или овални масички, теписи со точки и спирални мотиви.

2. Светол под

Без оглед на тоа дали ќе одлучите да ставите „ѕид до ѕид“ теписон во светла боја, или пак ќе постелете меки теписи на фокалните точки во секоја соба, исто така во светли нијанси – ефектот ќе биде одличен. Се добива впечаток дека просторот е многу поширок и поотворен од обично.

DP_valencich-yellow-living-room-rug_s4x3.jpg.rend.hgtvcom.966.725

3. Завеси се вистинскиот избор

Фрлете ги стандардните венецијанери. Додајте малку драма и создадете поудобен амбиент со завеси и имајте на ум дека со заврсите може да постигнете навистина стилски ефект. Освен стандардното закачување на завесите, може да ги искористите и како трик за зголемување на просторот – закачете ги каде што нема прозорец, на пример! Со завеси долги од под до плафон, добивате ефект на височина, совршено за зголемување на малечок простор!

apt07_decotips_1.jpg.rend.hgtvcom.966.1288

4. Слоеви

Малите простории не треба да бидат лишени од од многу ткаенини и прекривки. Слоевитоста и елегантниот избор на бои, принтови и перници можат да направат просторијата да добие длабочина. Исто така, слоевитоста дава лукс-впечаток, а тоа за мали простории е апсолутно полн погодок!

apt07_decotips_3.jpg.rend.hgtvcom.966.725

5. Размислувајте во размер

Освен ако не сакате да постигнете драматичен ефект со огромен тросед во собата, вашето малечко просторче ќе изгледа најубаво со предмети во соодветна големина, па дури и малку помали. Сè е до размерот. Малите простории со малечки парчиња мебел изгледаат поголемо од останатите.

DP_beasley-yellow-brown-living-room_s4x3.jpg.rend.hgtvcom.966.725

6. Гледајте низ просторот

Буквално – постигнете максимален впечаток на голем простор, но и функционалност со избирање проѕирни парчиња мебел – масите и столчињата се совршени за тоа!

hsign205_1aft_table.jpg.rend.hgtvcom.966.725

7. Back To Basics

Како за сè останато, така се враќа и модата за мебел наменет за мали простории. Марфи-креветите денес се постилски и пофункционални од кога и да е! Двосед преку ден, брачен кревет со удобен душек навечер – нема подобар начин да заштедите простор. Најдоброто од сè е тоа што доколку на пазарот не можете да најдете Марфи-кревет по ваша мерка, едноставно нарачајте го да се изработи.

8. Играјте си со светлина

Со правилен распоред на светилки и фокусно осветлување, загарантирано ќе му дадете на просторот топлина, а ќе ги акцентирате и сите уникатни детали.

9. Приоритети, приоритети

Поради ограниченоста на просторот, при декорирањето мора акцент да ставите на вашите потреби. На некои луѓе повеќе им е потребно биро за работа отколку трпезариска маса. На други им е поважен просторот за дневна соба, па преферираат кревет кој се пушта. Прилагодете го просторот на себеси и не се држете до традиционалните начела за уредување, вашиот дом треба да биде совршено функционален за вашето секојдневие.

DP_Grubb-white-orange-living-room_s4x3.jpg.rend.hgtvcom.966.725

10. Нека лебди!

Концептот за „лебдечки“ мебел е многу едноставен и функционален: полиците, ормарите, WC-школката се прикачени на ѕидот и не го допираат подот, со што било кое место се претвара во совршено отворен простор кој во исто време е многу полесен за одржување од обично. Сличен ефект ќе постигнете и со избор на кревети и гарнитура кои се подигнати од подот. Заборавете на тешкото поместување мебел при чистење! 🙂

 

 

 

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!