СМЕЛИ БОИ ЗА УНИКАТЕН ИЗГЛЕД НА ВАШИОТ ДОМ

photo-59468-1900

Кога станува збор за мешање на бои при реновирање на домот, ретко кој се осмелува да експериментира со боите. Секогаш се одлучуваме за нешто поедноставно и поскромно. Ова лето осмелете се да ги искомбинирате омилените бои и да му дадете нов изглед на Вашиот простор.

Кафено, сино и крем

Создадете лесна и разноврсна шема на бои со комбинирање на кафена, сина и крем. Трикот е да се задржат вредностите на секоја усогласена боја. Чувстувавјте се слободно да си поиграте со овие комбинации и ќе се изненадите од крајниот производ.

Зелено, виолетово и сиво

Кога станува збор за боја, природата е најдобра инспирација. Па затоа зелената боја е совршен избор за во Вашата дневна соба. Можете да ја искомбинирате со виолетова и сива за да добиете модерен и елегантен изглед.

Портокалова и сина

Комбинацијата на портокалова и сина боја во Вашиот дом или канцеларија дава топол и свеж шарм. Можете да се обидете и со други дополнителни комбинации како црвена и зелена и виолетова и жолта.