Разнобоен стан со свежи идеи во центарот на Софија

architecture-modern-home1

Спојувајќи боја со интересни решенија, тимот дизајнери го завршил проектот едноставно насловен Apartment 01, разигран дом лоциран во убава зграда (сепак, не поубава од нашите 😀 ) во центарот на Софија, Бугарија.

Главната цел на проектот била максимално да се зголеми количеството природна светлина во собите и да создаде удобни услови за живеење. Креативните идеи за складирање се насекаде низ станот, дури и вградената кујна може да се сокрие зад бели лизгачки врати кои дополнително визуелно го прошируваат просторот.

modern-home-91

Дневната соба е жива, разиграна и исполнета со инспиративни елементи: „Малечок камин е вграден во голем бел кабинет сместен на најтемниот ѕид во собата, каде исто така се наоѓаат и фрижидерот и клима уредот. Во средина на собата е трпезариската маса која служи и како работна маса. Акцент на просторијата и дава и сината гарнитура за седење во Скандинавски стил, сместена пред ѕид од цигли обоени бело, а црна ротирачка Jean Prouve Vitra светилка стои над гарнитурата. Белиот ѕид пред просторот за седење служи и како платно за проекции.” – велат од дизајнерското студио. Гледате ли други детали кои Ви се допаѓаат?