Париски дом го спојува рустичното со современото

design-rustic-home


Наречено Habiter sous les toits — што буквално се преведува во „живеење под кров“ — ова поткровје дизајнирано од Prisca Pellerin ги спојува рустичните архитектонски елементи со современиот дизајн на ентериер. Целта на овој проект лоциран во Ivry-sur-Seine, Париз, Франција, била да се искористи просторот максимално и да се внесе природна светлина низ низа паметно поставени тавански прозорци.

“Од спалната до дневната соба, окото не наоѓа никаква препрека на својот пат, благодарение на инка-ефектот кој го создава централниот ходник, кој е точка на конвергенција меѓу сите функции на станот“, објаснуваат од дизајнерското студио. 

Палетата на бои ја задржала едноставноста: „Со цел да се создаде топол и пријатен простор, ѕидовите и закосувањата се обоени со бела и сива боја“. Многу различни текстури се искористени при дизајнирањето – боја со мат и сатен-финиш, полиран мермер, цигла, дрво, а на целото „пакување“ му се додадени и растенија во вибрантна зелена боја кои го оживуваат просторот.