Отворен концепт на ентериер – нов тренд во дизајнирањето

bright-open-floor-plan

Пуштете било која ТВ емисија за декорирање на домот, и милион пати ќе го чуете терминот „отворен концепт“. Рушење на ѕидови за создавање отворен простор за дневната, кујната и трпезаријата е основата на „open-concept“ трендот.

За некои, посебни соби сè уште се прв избор, но денес, многу сопственици на домот одбираат да уживаат во готвење, јадење и гледање телевизија во исто време.

modern-open-floor-plan

Што го започна трендот

Пред десетици години, домовите се граделе по правилото дека секоја соба има своја функција. Готвите во кујна, па ја ставате во посебна соба. Трпезариите биле формални. Дневните соби биле за забавување и релаксирање и биле одвоени од кујните.

За време на 50-тите и 60-тите, градежниците го претставиле отворениот план како начин за ефикасно дизајнирање на домот во помала квадратура. Ѕplit-level домови станале многу популарни.

Денес, архитектурата и дизајнот на ентериер уште се под влијание на економскиот фактор, но се најзависни од културните норми и желбата за функционалност (мултитаскинг, некој?).

Веќе не се толку поделени улогите во домот, двајцата родители учествуваат подеднакво во готвењето и обврските околу децата. И живееме во свет зависен од технологијата и медиумите во кој да се биде во тек со дневните новости не е само прифатливо, туку и очекувано.

modern-wood-open-floor-plan

Бенефитите од open-concept дизајнот

Open-concept живеењето е омилено поради многу причини. Прво, може да направи и најмалите простори да изгледаат пошироко и посветло. Малечок стан со мала кујна без прозорци одвоена од дневната соба може да се претвори во простор исполнет со светлина со едноставно заменување на ѕидот со маса.

Забавувањето е мачја кашлица со отворена кујна и дневна соба. Може да разговарате со гостите додека готвите. Масите кои обично се користат за демаркирање на просторот се претвораат во фокална точка за храна и пијалок.

Голема „главна соба“ е исто така соодветна за да внимавате на децата. Можете ефикасно да готвите или да ги завршите обврските додека разговарате со вашите најмили. Поставувањето на биро и компјутер на ѕидот или зад троседот ја прави собата уште по мултифункционална.

bright-white-open-floor-plan

Предизвици на ваквиот дизајн

Колку и да ни се допаѓа просторот, светлината и протокот на воздух кои ги нуди просторот, дефинитивно има и предизвици кои одат во пакет. Очигледно, кога спојувате сè, се губи дел од приватноста. Разговарањето по телефон додека децата си играат знае да биде невозможно.

Губењето на простор за закаќување фотографии и уметнички дела е уште една причина за чување на ѕидовите. Помалку ѕидови значат и помалку извори на струја и потешко сокривање на кабли.

За крај, ако мразите неред, ваквиот тип на дизајн може и да не е за Вас, освен ако не живеете сами, или пак луѓето кои се со Вас се исто така претерано уредни. Хаос од играчки или несредена кујна лесно се гледаат во отворените концепти. Да се остане среден, или барем да се има соодветен простор за складирање е клучот за справување со сите потешкотии од ваков тип.

wood-open-floor-plan1

Користете мебел и осветлување за да го поделите просторот

Издвоете посебни функционални простори со користење на мебел. На пример, поставете софа со маса за орнаменти за да го означите местото каде почнува дневната. Поставете и килим во центарот на тој простор.

Осветлувањето исто така помага да се дефинираат одвоените делови на собата. Поставете шанделиер над трпезариската маса, или голем вентилатор во центарот на дневната соба.

dark-modern-open-floor-plan

Зачувајте континуитет во дизајнот

Можеби звучи очигледно, но зачувувањето на естетиката низ просторот е клучна. Фундаменталните одлики на дизајнот, како подови и суптилни светилки мора да бидат исти.

Палетите на бои во различните делови на собата мора да бидат комплементарни една на друга. Додадете слоеви на текстура и различни нијанси за да истакнете одреден дел.

classic-open-floor-plan

Создадете центар во секој дел

Вметнувањето на нешто што се истакнува во просторот создава чувство на суптилна одвоеност која освен што го дефинира секој дел од просторот, прави и собата да сјае. На пример, вметнете галерија на ѕидот кај трпезаријата.

Закачете огромен лустер во дневната соба, или користете зебра-дрво на базата на белиот “kitchen island”. Забавувајте се и дајте и дух на секоја функционална целина.Hang an oversized chandelier in the living area, or use zebra wood for the base of your white kitchen island.

chic-open-floor-plan

Просторот нека биде навистина отворен

Отварање на погледот од секоја функционална целина во соседната е клучот до пријатен open-plan простор. Бидете модерни но и стратешки распоредете ги елементите. Не го пренатрупувајте амбиентот со високи полици или несоодветно големи парчиња мебел.

На пример, голема светилка над софата која го блокира погледот од кујната, го попречува слободниот разговор. Исто така, никако не ставајте декоративни елементи пред прозорците – тие се Вашиот најдобар и единствен извор на светлина.

 

 

 

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!