Нема боја која повеќе асоцира на свежина од зелената! Во зависност од нијансата која ќе ја одберете, вашиот дом ќе заблеска со сиот шарм на боите на природата во пролет 🙂
Денес за Вас подготвивме инспирација за сите простории во домот, а на Вас останува само да одберете на кој начин ќе ја искористите оваа оваа боја. Доколку сте храбри, можете да одберете дури и мебел во оваа боја, а а за класичарите – дури и една декоративна перница, прекривка или килим ќе бидат доста ефектни.
Изберете си мотив, направете чек-листа, и доколку зелената е Ваша боја, тргнете во потрага во совршените предмети за Вашиот дом! 🙂