Како што е редот, крајот на годината го заокруживме со новогодишна забава на која ги потенциравме успесите од минатата година, се договоривме околу плановите за новата, се забавувавме, ги покажавме нашите пејачки способности, а богами и добро се изнасмеавме со комичарот Марјан Ѓорѓиевски.
Вечерта ја водеше Жарко Димитриоски од ток-шоуто Еден на Еден, кој доби одлична асистенција од нашите директори, Ивица и Роберт Јакимовски. Тие ја имаа задачата да ги доделат специјалните плакети со кои Golden Art даде признание за врвна соработка на дел од своите компании-соработници и вработени.
Добрата храна, добрата музика и добрата забава беа одлична увертира за уште подобра и поуспешна 2016та година на Golden Art.
Среќна нова и повелете во нашите нови простории! 🙂