Нова Golden Art работилница, во соработка со NLB и Охридска Банка

Најновата Golden Art работилница ќе се одржи на 22.02.2020 (сабота), со почеток од 10:00 часот! Новоста околу оваа работилница е соработката со NLB и Охридска Банка кои ќе имаат свои презентации со цел да ви ги објаснат сите детали поврзани со подигнувањето станбен кредит.

Од нашите почетоци во 2005 до денес, се стремиме максимално транспарентно да комуницираме со нашите клиенти, и тие да се информирани за нашиот процес на работа во целост.

Еден стан не е само простор за живеење, тоа е простор каде ќе поминувате голем дел од времето, каде ќе ги имате најважните моменти од животот, каде ќе растат и ќе се развиваат вашите деца. Поради тоа, многу е важно да имате точни податоци околу  материјалите кои се користат, нивната безбедност за здравјето на човекот и сертификациите кои ги имаат. Еден објект го сочинуваат сите слоеви, не само површината. Квалитетот на цевките за довод на вода е еден од клучните фактори за квалитетот на водата која ја пиете. Прозорците се меѓу најважните делови од звучната и термоизолацијата на еден објект и мора да исполнуваат одредени стандарди. Малтерот, циглите, глет масите, бетонот – сите овие елементи не се гледаат на површината, но во голема мера влијаат врз квалитетот на еден објект, и амбиентот на просторот за живеење.

Изборот на материјали на еден објект ја зголемува вредноста на станот која ја добивате и на тој начин штедите на долг рок.

Но, не се работи само за материјалите.

Материјалот, сам по себе може да биде и најскап, и најлуксузен, но доколку не е вграден на правилен начин, последиците можат да бидат катастрофални. Заради тоа, при изградбата на објектот треба да се применува систем за градба, за секој материјал да е вграден на правилен начин, и да може да се даде гаранција за квалитетот на тој објект.

Во Golden Art, уште од самиот почеток максимално се посветивме на креирањето посебен систем за градба по кој се изградени сите наши објекти. На тој начин сме сигурни дека секој детаљ е на свое место и дека нема простор за грешки. Бидејќи, како и нашето мото, целта ни е да ви понудиме „ДОМ. Не само СТАН.“

Со цел да ве информираме во целост за нашиот систем за градба, енергетската ефикасност на нашите објекти, да ви дадеме практични совети како да трошите помалку пари на електрична енергија, и да ви ја презентираме нашата тековна понуда – ја создадовме Golden Art работилницата. Работилницата претставува едночасовна презентација на нашиот систем од страна на нашиот тим (продажба, проектирање, правна служба) и претставници од нашите партнерски компании чии материјали ги користиме при изградбата (Rehau, Knauf, Baumit, Kema и многу други).

За време на целата презентација во било кое време можете да поставувате било какви прашања.

Пријавете се за присуство на 071 и 075/225-888, на нашата Facebook страница, или пополнете ја формата во продолжение:

 

    Пријава за работилница