Неодоливи масички кои ги оживуваат сеќавањата од минатото

design-modern-chair

Го знаете она чувство кога патувате некаде, го користите времето максимално и кога ќе се сетите дека не сте зеле сувенири веќе сте на половина пат накај дома? Или, пак, кога барате нешто да купите за најблиските и сите магнети и фигурички Ви се чинат предосадни? Секако, се случува, особено кога се работи за динамичен град како Лондон, Истанбул, Њујорк… Па и на нашето Скопје ништо не му фали! 😀

Наидовме на прекрасно решение кое е во иста мера корисно колку што е и убаво. Се работи за масички, кои со малку фантазија, Google Maps, скалпел и мирна рака, можете и сами да ги направите.

Масичките на сликите се изработени од Hasan Agar, главен дизајнер на Flying Cavalries – компанија базирана во Лондон, град кој послужил и како инспирација за масичките. Нив можете да ги искористите како буквално сè, од масичка за кафе, до мини полица или ноќна масичка, а ќе го освежат просторот како никогаш досега

Погледнете за што се работи, украдете некоја идеја, па ако успеете да направите Ваш примерок, чекаме да ни го пратите 😀