Прославете го овој празник со стил и уживајте во убавите декорации и храната со пријателите и семејството! За Вас изготвивме избор од најубавите велигденски декорации за трпезата.
Зелена и розoва
Расфрлете ги овие весели пастелни бои насекаде по трпезата, со градинарски мотив во средината. Украсете ги билките со декоративен лепак за стеблата да изгледаат уште повесело! Од остатоткот од хартијата декорирајте ги хартиените марамчиња со заврзување и комбинирање со прекривката за маса која одговара на шемата на бои. Секако, за комплетен велигденски изглед, на страна ставете чинија или кошничка со јајца или бомбони во облик на јајце!
Пролетна зелена декорација
Дајте и’ на велигденската декорација здрава доза пролетна треска со сезонски соодветни бои и мотиви. Комбинирајте ја живописната зелена со светла беж боја. Изберете чаршав и марамчиња со шумски и билни мотиви, а убав букет цвеќиња ќе и даде на трпезата сосема друга димензија!
Гнездо во чинијата
Креирајте трпеза која е неоспорно велигденска. Земете многу декоративна хартија и исечете ја на ситни парченца. Формирајте ја хартијата во топка доволно голема да собере јајце и во секоја ваква топка во средината ставете јајце. Внимавајте бојата на јајцето да одговара на целата палета на бои на масата. Гнездото поставете го на хартиено марамче, па потоа на чинијата.
Пролетно цвеќе со свеќи во центарот
Прославете ја природната убавина на пролетта со домашни декорации. Наполнете стаклена тегла или канистер со песок, а внатре ставете цвеќиња, тревки и свеќи. За Ви трае цвеќето подолго, навлажнете го песокот со вода.
Не го најдовте она што го баравте?
Разгледајте го и остатокот од нашата велигденска галерија и црпете инспирација. И за крај, не заборавајте да декорирате со љубов и да уживате со најмилите во слободните денови кои доаѓаат!