Комбинацијата на неколку бои е секогаш добитна кога станува збор за уредување на просторот, особено кога тие бои се надополнуваат и разликуваат на перфектен начин. Еден пример за вакви компатибилни бои се црна, бела, сина и окер, кои во овој стан ја дефинираат енергијата на целиот дом.
Сопствениците на домот не се плашеле да си поиграат со материјали и текстури, што дополнително му дава стилски печат на домот. Главно место во дизајнот имаат сјајните површини, кои во комбинација со осветлувањето во најразлични форми и големини изгледаат уште поубаво.
Дневната соба е визуелно одвоена од кујната и трпезаријата со помош на белата аголна гарнитура која е доволно голема и за попладневна дремка, и да го собере целото друштво. Кожната фотелја е во иста нијанса со кујнските панели и некои помалечки детали низ просторот. Огромниот триптих со сини елементи дава динамика и ја руши монотоноста која би била присутна без синиот детаљ.
Кујната е доста функционална со оглед на тоа што, и покрај малиот простор, сепак има доволно место за готвење, сервирање и средување. Големите врати на кујнските плакари го сокриваат се она што не треба да е на видик, а со топлата нијанса, материјалот и едноставните линии изгледаат модерно, уредно и шик.
Сличниот дизајн се провлекува и во спалната соба, а бањата е уникатна по тоа што блеска од белина 😀
Погледнете ја галеријата: