Минимална енергетска загуба за максимална заштеда

При процесот на изградба на Вашите домови, целта ни е да Ви обезбедиме дом кој е совршено изолиран и кој обезбедува минимална загуба на енергија, а со тоа – најниски сметки за греење и ладење. 

Токму затоа, создадовме систем за енергетски ефикасно градење чии елементи совршено се надополнуваат меѓу себе. Како дел од тој систем одбравме да користиме термо блок од реномираниот производител Nexe.

Untitled
Главна карактеристика на Nexe термо блокот е тоа што во процесот на производство содржи лесно согорливи додатоци, со чиешто согорување со формираат ситни пори кои на блокот му даваат посебни термоизолациски својства. Овие својства влијаат како на намалената потрошувачка на енергија во текот на студените месеци, така и на намалено загревање во топлиот период. Истовремено, дебелите надворешни ѕидови обезбедуваат подобра звучна изолација во споредба со ѕидовите изградени од класична цигла.

Karpos1

Од градежно – биолошко гледиште, термо блокот е идеален производ бидејќи е изграден само од природни материјали: глина и пилевина, без никакви синтетски додатоци. Со користење на модерната технологија, минимализирана е емисијата на штетни честички.

Друга важна особина на термо блокот е процесот на производство кој се одвива по сите европски стандарди, со цел да осигура пријатна клима во Вашиот нов дом од соништата!

За повеќе информации за изградбата и продажбата на станови, јавете се на 071/225-888 и закажете средба со нашите агенти за продажба, тие ќе одговорат на сите Ваши прашања 🙂