Доколку сте љубители на едноставното, а сепак не сакате вашиот дом да изгледа изгледа монотоно, овој дизајн е интересен пример како да го постигнете тоа без да потрошите премногу за уредување.
Она што го прави овој дом посебен е комбинацијата на материјали при уредувањето. Дизајнот го носат светлите елементи, како ѕидовите, прозорците и дел од мебелот, надополнети со ѕидовите од изложена цигла, дрвениот под и дрвените елементи во иста нијанса.
Спојот на индустрискиот дизајн и елегантните детали во овој дом има за резултат пријатен амбиент кој во исто време изгледа модерно и удобно. Нема да згрешите доколку од глеријата „украдете“ некоја од идеите за уредување на вашиот дом. 🙂