Марфи кревет – совршеното решение за секој еднособен стан

murphy-bed-with-desk

Ова корисно чудо е измислено дури во 1912 година од Вилијам Марфи. Идејата потекнала од тоа што во неговото мало станче во Сан Франциско немало место за дружење. Марфи креветите до денес доста го имаат променето и усовршено изгледот благодарение на напредната технологија, но принципот е ист – кога се спуштени се целосен удобен кревет со нормален душек (за разлика од креветите на склопување), а кога Ви е потребен простор зафаќаат онолку место од ѕидот колку што е дебелината на душекот.

Марфи креветот како концепт не е толку популарен кај нас во Македонија, но којзнае, можеби ќе инспирираме нечија креативност денес 😀

Погледнете колку простор може да заштеди еден ваков кревет!