Една од маните на живеењето во урбаните градски подрачја е отсуството на простор за двор и градина. Кога живеете во стан, предизвик претставуваат дури и две-три растенија на терасата, но не очајувајте! За вас подготвивме галерија од неколку фотографии кои, се надеваме, ќе ја поттикнат Вашата креативност и ќе Ви помогнат корисно да го менаџирате просторот. Сè што Ви треба се неколку креативни саксии кои можете или да ги купите или самите да ги изработите, и добар избор на растенија.
Со оглед на тоа што доаѓа лето а со него и инсектите и бубачките, нашиот прв предлог за засадување е рузмаринот кој е познат по својот прекрасен мирис кој за чудо (и за среќа) не им се допаѓа на комарците 😀 Со правилно одржување, рузмаринот во комбинација со свежите домати кои ќе бидат најсочни во идните неколку месеци ќе Ви помогне да ја направите највкусната домашна пица на сите времиња!
Исто така, опција е и домашно нане, кое освен како зачин, свежо искористете го за нова димензија на чајот од нане. 🙂
Разгледајте ги сликите и пронајдете го совршеното решение за Вашиот дом!