Кажете му добредојде на топлото време со возбуда и радост, декорирајќи и уредувајќи го Вашиот дом со весели и светли бои. Сонце, плажа и тиркизна вода се нештата кои го обележуваат летото па затоа направете боите и декорациите во домот да ве потсетуваат на нив.
Во продолжение ќе ви понудиме неколку идеи за декорирање и уредување со кои лесно ќе го трансформирате секојдневниот изглед на Вашето катче во прекрасна летна оаза.
- Дозволете во Вашиот дом да преовладуваат светли и пастелни бои
- Внесете што е можно повеќе светлина
- Направете декоративни украси од школки и песок
- Украсете го просторот со цвеќиња во различни бои кои ќе внесат свежина и мирис
- Ѕидовите освежете ги со висечки саксии во различни бои
- Залепете тапети со светли бои кои ќе ве асоцираат на плажа или пак разбудете ја својата креативност и нацртајте летен пејсаж или графит на вашиот ѕид
- Доколку имате темни завеси заменете ги со светли или провидни, за сончевата светлина да ја долови летната атмосфера
- Пожелно е бањата да биде во сина боја декорирана со школки, свеќи и морски ѕвезди кои можете да ги залепите и на вашето огледало, пешкирите нека ви бидат во различни шарени бои и додадете зеленило.
- Дворот и терасата уредите ги со многу растенија, удобни столчиња и фотелји, осветлете ги со фенери, свеќи и факели.
Повелете ѕирнете ја галеријата и искористете некоја идеја 🙂