Реномираниот словенечки производител на градежни материјали „Кема“ е нашиот избор за сигурна заштита од влага во новата станбена зграда GA02, лоцирана во населбата Стар Аеродром. Стремежот за навремено завршување на градежните работи во пропишаниот рок ни дава силен мотив во изведбата на тековните градежни активности што се одвиваат во внатрешноста на станбениот објект. Во изминатиов период во просториите каде што се појавува допир со влага (санитарни јазли, балкони и кујни)внимателно ја изведуваме хидроизолацијата со примена на материјалотKema Hidrostop Elastik и самолепливата лента за дихтувањеKema Bandtrack Tack 12 за максимална заштита од продор на вода. Производот Kemacryl го користиме во функција на дисперзија за изработка на врзувачки слој и за импрегнација на силно впивачки минерални површини.
Високиот квалитет на градежните материјали оди под рака со веќе докажаното искуство на нашите градежни работници во претходно реализираните проекти на компанијата „Голден Арт“. Покрај во изведбата на хидроизолација, градежните материјали на словенечката компанија „Кема“ периодов ги користиме и при поплочување во становите. При поставувањето на керамика во кујните и во санитарните јазли ги користиме производите Kemabond 109 – лепило за плочки за внатрешна употреба и Kemabond Flex 131 – лепило за внатрешна и надворешна употреба за лепење на ѕидна и подна керамика. Со реализација на хидроизолацијата и на поплочувањето во внатрешните простории на становите, влегуваме во финалната фаза од изградбата на станбената зграда GA02.