На тема земјотреси секогаш разговараме со доза страв, присеќавајќи се на скопскиот земјотрес од 26.07.1963.
Нашите срца овие денови се со граѓаните на погодените подрачја во соседна Албанија. До семејствата на загинатите испраќаме искрено сочувство, додека на повредените им посакуваме брзо закрепнување ♥️
Во вакви моменти, навистина е важно да се присетиме на некои клучни совети и факти околу асеизмичноста и безбедноста на објектите во кои живееме, како и на препораките како да се постапи во случај на земјотрес.
Нашиот град е сеизмички активно подрачје, а земјотресот, како резултат на поместувањето на тектонските плочи, е појава која е невозможно да се предвиди. Она што може да се направи е однапред да се преземат сите мерки за изградба на стабилни објекти.
Во 2016 година подготвивме краток серијал информативни видеа поврзани со земјотресите, кои со сигурност ќе ви бидат корисни:
Дополнително, ова се неколку совети кои можат да бидат корисни во случај на земјотрес: