Овој апартман, лоциран во нов комплекс во Тајпеј, Тајван, е дизајниран од Archlin Studio за брачен пар и нивната тригодишна ќерка. Барање на сопствениците било да се задржат најголем дел од постоечките елементи, вклучувајќи ги бањите, кујната, плафонот и подот, и да се создаде модерен простор за живеење со максимален сокриен капацитет за складирање.
Студиото за дизајн изградило низа ормари со полна висина по целиот ѕид од влезот до трпезаријата и во отворениот дневен простор. Врата панел со огледало била вградена близу работ на просторот за складирање за визуелно да ја прекине тежината на елементот.
“Со употребата на природни материјали, како дрво, стакло и камен, создадовме опуштена атмосфера и простор идеален за тројца,” велат дизајнерите. ВО отворената дневна/трпезарија, бела полиуретанска боја нанесовме како основа, додека две нијанси на дрво се искоростени за да се дефинираат различните зони.
Традиционално за Тајванската кујтура, кујната е сокриена од останатиот простор, „Предизвик ни беше да ја отвориме кујната кога не се користи за да може да се спои со останатиот простор како една голема соба, па затоа вградивме голема лизгачка стаклена врата која спречува мирисот на храна да влегува во просторот за седење.“