Во организација на капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, годинава во Охрид ќе се одржи второто издание на „Ракометен камп Кирил Лазаров 7“ во периодот од 17 до 30 јуни, во две смени.
„Во незгодно време е овој прес, но мораше да го направиме. Како што знаете мислите се свртени кон она што не очекува викендов во Гдањск. Организирајќи го кампот ќе уживаме и ќе ги полниме батерите за она што не очекува во август ако даде Господ, пласманот на ЛОИ во Рио. Минатата година направиме нешто ново на овој простор. Постојат многу кампови, со сета почит кон нив, но она што го направи КМГ спорт со одличната организација е за поздравување. Што се однесува до кампот оваа година, ќе се фокусираме на македонските деца, иако е интернационален. Околу 70 % е предвидено е да бидат присутни деца од Македонија. Главен фокус годинава ќе дадеме на стручниот кадар, ќе имаме екстра тренери кои ќе работат, три до четири тренери од странство кои ќе имат предавање за нашите деца и нашите тренери, една додатна вредност која ќе ја промовираме ова лето. Интересот е голем, мене ми е драго, па така решивме да направивме две смени, за разлика од минатата година. Јас сум заштитно лице на спортскиот бренд „Хумел“, па така од годинава учесниците ќе добијат и опрема од врвен квалитет“, изјави Лазаров.
Преземено од: спортмедиа.мк
Извори: gol.mk, sitel.com.mk, 24rakomet.mk, ekipa.mk, telma.com.mk, republika.mk, derbi.mk, novamakedonija.com.mk