Како да го искористите секој милиметар – младешки стан од 31m²

geometric-decor-in-small-apartment

Овој симпатичен дизајн на простор од 31m² е доказ дека и во малечка квадратура може да се функционира сосем убаво.

По својата површина е еднаков на овој дом од нашата понуда во населбата Кисела Вода:

mapa31 na pozadina

Акцентот е ставен на функционалноста на елементите, па така секој предмет си има свое место. Одличен избор е и искористувањето на вертикален простор со помош на платформата на која е сместен двоседот/креветот за спиење. Во самата платформа се вметнати полици на кои сопствениците ги сместуваат сите свои работи како облека, постелнини и она што мора да е сокриено од видик.

Младиот брачен пар кој ќе живее во овој стан одбрал кревет за спиење кој се собира кога има потреба за тоа, а на истата платформа е сместен и телевизорот.

Трпезариската маса во обични денови има место за двајца, а кога парот има гости, таа лесно се поместува и на неа се додаваат две столици за седење.

Кујната го надополнува едноставниот и модерен дизајн на целиот стан. Белите вратички се претопуваат во белината на ѕидовите, па така просторот не изгледа пренатрупано. Наместо регуларен шпорет, архитектите искористиле плотна со две места за готвење, со цел да обезбедат повеќе простор за припрема и сервирање на храната. Сите останати предмети се сместени во ормарчињата.

Во аголот на просторијата е поставена и малечка работна масичка на која има место за еден преносен компјутер.

Бојата на сите декоративни елементи го разигрува и освежува амбиентот, чии основна боја е бела, со дрвени елементи и панели.

Бањата е широка и пространа, и го следи дизајнот на остатокот од станот.