Денес на блогот Ви го претставуваме она што го викаат стан со 1,5 соба, уредена во нам омилениот, скандинавски стил. Ова функционално местенце има површина од 42 метри квадратни, но делува далеку од малечко.
Дневната соба е светла и отворена со прозорци ориентирани кон мирна населба. Кујната е поврзана со дневната, но е визуелно одвоена со помош на шанкот од стари фасадни цигли, што внесува индустриски, но и рустичен изглед во целиот дом. Белата боја на ѕидовите обезбедува неутрална основа за декорирање, и е надополнета со бојата на гарнитурата за седење и подот.
Просторот за спиење е практично сокриен лево од кујната и сам по себе претставува мала модерна приказна. Целата шема на дизајнирање е уникатно збогатена со изборот на тапет во пријатни бои, кои суптилно му даваат оригиналност на целиот дом.