Постојат две струи кои доминираат при пишувањето од страна на нашите блогери: на една страна скандинавската, со сета своја едноставност, минимализам и светлина и од друга њујоршкиот индустриски стил кој воодушевува со начинот на кој строгото успева да изгледа елегантно, а едноставното – екстравагантно. Овојпат ви носиме инспирација од дом декориран во индустриски стил, со доминација на темни нијанси и моќни детали.
Иако просторот првично бил една просторија, сопствениците, сакајќи приватност и одвоена спална соба, одвоиле малечка просторија со помош на стаклена врата со алуминиумски рамки во црна боја кои перфектно го отсликуваат духот на дизајнот.
Единствените топли елементи во целиот стан се неколкуте перници во жолта боја, изложената црвена цигла во боја на црвено вино и подот од природно дрво кој освен топлина, на просторот му додава живост и длабочина.
Сите останати елементи низ станот се во нијанси на сивата боја, и можеме да потврдиме дека дизајнерите навистина постигнале уникатен ефект кој воодушевува!
Ова е денешната инспирација од нас за вас: