Инспиративно уредување на балконот

balcony4

Доколку имате балкон со мали димензии, често може да Ви прејде во навика да го избегнувате и никогаш да не го користите. Со малку фантазија и желба, и малиот балкон може да стане многу повеќе од место кое служи само за сушење алишта или место на кое само излегувате на цигара (цигарите секако не Ви ги препорачуваме 😀 ). Причина повеќе за да започнете сопствен „направи сам“ проект е фактот што малите простори секогаш изгледаат преслатко кога ќе им се посвети доволно внимание.

Сè што Ви треба е:

  • Удобно место за седење
  • Неколку растенија: го препорачуваме рузмаринот кој освен што добро изгледа, мириса и може да се искористи како зачин, ќе ги избрка и досадните комарци кои и тоа како знаат да Ви го уништат расположението.
  • Масичка: доволно е на неа да собира една книга/чинија, една свеќа и две чаши вино, за оние ултра романтични вечери со саканиот/саканата 🙂
  • Осветлување: убаво решение се светилките кои работат на сончева енергија, а неизбежни се и свеќи по Ваш избор. Повторно за борба против комарци, изберете ги свеќите за таа намена.

За Вас денес најдовме неколку фогографии кои може да послужат како идеја за тоа како да го претворите балконот во Ваша мала оаза за уживање. Уживајте во галеријата! 🙂