Индустрискиот стил на уредување на кујните го освои светот. Неговата единственост е во совршениот спој од ретро, винтиџ и модерни елементи кои ја прават кујната да изгледа како од магазин. Дрвените греди, ѕидовите со цигла или бетон и металните лустери се есенцијални елементи на овој стил, но неговата предност е во тоа што одлично се вклопува со другите стилови и доколку не сте цврсто решени да ја направите целата кујна во индустриски стил, можете да додадете и елементи по ваш вкус.
Во продолжение ви изводвојуваме неколку симпатични идеи како да ја „индустријализирате„ вашата кујна, а притоа таа да изгледа топло и модерно.
- Како замена за бетонските подови и ѕидови, одберете квадратни или правоаголни плочки во мали димензии и светли бои. На тој начин ќе го задржите стандардниот изглед на кујната, а сепак ќе и дадете и индустриска нота.

- Расветата игра важна улога во кујните уредени во индустриски стил. Доколку имате работна маса или шанк, дефинитивно вистински избор е лустерот. Можете да одберете метален, емитација на ковано железо, па дури и ретро лустер во било која боја. Доколку сакате повеќе светлина над работната маса, комбинирајте два или повеќе лустери, наредени на различна висина.

- Индустрискиот стил во кујната ви нуди голем број на можности во изборот на мебел. Може да се комбинира со: рустични елементи од грубо обработено дрво, шанк изработен од стари цигли, ретро-метални шанк столици или столици од тврда пластика во боја. Што и да обдерете, секогаш држете се до мебелот со богата текстура, монохроматските бои и рефлектирачките површини.

- Се е во деталите! Како и секој друг стил на уредување, индустрискиот стил бара многу детали. Црни табли за пишување и цртање, свежо цвеќе и ѕидни часовници се само дел од декоративните елементи кои ќе ја направат вашата кујна во индустриски стил целосна.