Buro Koray Duman Architects е студиото кое е заслужно за изгледот на овој еднособен стан со ведар и уметнички карактер. Архитектите го претвориле овој дом во просторно и флексибилно катче со многу функционални елементи и природна светлина. Ентериерот е поделен со скулптурен брановиден ѕид во кој се сместени пералната, скадиштето и тоалетот.
Повеќето ѕидови се од цигла која била пребоена за максимално вклопување со стилот на дизајнирање. Тимот направил простор за историја во станот со коритење на винтиџ тапет во кујната и интересна преработна на ѕидовите и столбовите. Плочките во тоалетот наликуваат на пчелин восок, а во главната бања доминира стакло.
Мебелот во целиот стан е уникатен и функционален, надополнет со интересни декоративни елементи кои совршено се вклопуваат со индустрискиот ефект на ѕидовите од цигли, сè на сè – полн погодок!