Дневникот на една зграда – GA09, Аеродром

 

Време е за нов почеток! 

Со големо задоволство и гордост, ви го претставуваме објектот GA09, најновиот објект во нашето портфолио. Лоциран во срцето на населба Аеродром, на улицата „Пандил Шишков“, веднаш спроти О.У. „Блаже Конески“, GA09 ќе понуди најсовремени услови за домување по европски стандарди. 

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.

Корисни информации за објектот:
Линк до каталогот: кликнете тука
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А
Катност: 

  • Bлез 1 и 2: приземје + 9 ката + поткровје
  • Влез 3: приземје + 10 ката + поткровје

Број на станови: 317 во 3 влеза
Површини на станови: 36 до 83m²
Почеток на градба: април 2020

За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на 071/225-888 или 075/225-888.

29.09.2022

Добредојдовте дома! Денот кој сите го очекувавме со нетрпение!

GA09 ги отвори вратите за новите сопственици на станови, a 28.09.2022 ќе остане во нашите сеќавања како прекрасен ден одбележан од среќните и насмеани лица.
Драги наши, ви благодариме за довербата и ви посакуваме многу среќни децении во новите домови! Ќе продолжиме и понатаму со деноноќна работа и посветување на секој објект во целост.
Бидејќи заслужувате дом. Не само стан.

Golden Art

Дом. Не само Стан.

24.08.2022

Комплетирани се трите влеза, во моментов активно се работи во подрумските простории како и на фасадата на северната страна од 3-ти влез.

17.08.2022

12.07.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции. Првиот влез е целосно комплетиран како и влезната партија. Во вториот влез исчистени се становите од 1 до 7 кат, додека пак од 10 кат до 3 кат се поставени преодни лајсни. Во целиот влез се изработени плочки околу лифтови и спроти лифтови. Во третиот влез се работи на втора рака молерисување на ходници на 1 и 2 кат, додека од 11 кат до 3 кат се веќе завршени. Поставување на гранит на парапети на балкони и изработени подни плочки на балкони. Поставување на гранит во влез комплетиран од 11 кат до 2 кат. Партерно уредување околу влез 1 и влез 2 со шлајфан и штампан бетон.

15.06.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции. Во првиот влез се молерисуваат ходници со 2 рака, со генерално чистење сме до 2 кат, а на приземје се работи на застаклување на деловни единици. Исто така околу првиот влез се работи на партерно уредување. Во вториот влез со молерисување на ѕидови со 2 рака сме до 8 кат. Со поставување на калориметри се работи од 5 до 9 кат. Од 1 до 6 кат се монтираат маски за галантерија, додека пак комплетирано е поставувањето на гранит по скали и подести како и поставување на анкери за заштитна ограда. Во третиот влез со монтажа на собни и блиндор врати сме до 9 кат, од 1 до 5 се поставуваат прагови и цоклиња. Поставувањето на паркет во станови, плочки како и хантер даглас во купатила се комплетирани. На 4 и 5 кат се монтираат парапетни даски на прозори. Се отпочна со штемање, бандажирање и молерисување на лифтовско јадро.

07.06.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции. Во првиот влез е комплетирано поставувањето на гранит во скалишно јадро. Од 1 до 10 кат се поставени анкери за заштитна ограда во скалишно јадро. Се поставуваат плочки околу лифтовски врати. Генерално чистење на станени единици до 5 кат. Поставување на стаклена заштитна ограда на балкони, а исто така монтирани се и платформи за кабини за лифт. Во вториот влез со 2 рака се молерисуваат ѕидови во станови од 1 до 5 кат. Комплетирано е поставувањето на радиатори и регистри во купатила. Поставување на калориметри во ормари за парно од 1 до 4 кат. Се работи на монтажа на конзоли и шини за лифт, а веќе се поставени електрични ормари за лифт. Поставена е конструкција за каси за врати за лифтови и облоги од аквапанел. Исто така се работи на поставување на гранит на скали и подести. Во третиот влез до 7 кат е поставена санитарија во купатила, како и паравани за туш кабини, а во моментов се поставуваат собни и блиндор врати. На истиот кат се поставуваат и стански табли. Со монтажа на паркет сме до 9 кат, додека пак со поставување на паркет лајсни сме на 7 кат. На 10 и 11 кат се монтираат подни плочки во влезни ходници и купатила. Поставување на графитен стиропор д5 на балкони и д10 на фасадни ѕидови и нанесување на мрежа и лепак.

05.05.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции. Во првиот влез се поставени конзоли и шини за лифт, како и рамки за лифтовски врати. До 7 кат е испитана инсталација за парно во станбени единици. Поставени се алуминиумски профили за заштитна ограда на балкони од 1 до 10 кат. Ѕидање на против пожарни ѕидови на ниво минус 3 со тула 20 см. Во вториот влез е комплетирано поставување на санитарија, во моментов се поставуваат подни плочки на балкони, цоклиња и прагови. На ниво минус 3 се глетуваат бетонски површини, додека на фасадата се нанесува завршен слој на абриб на полиња и техника на парапети на балкони. Во третиот влез на 5 кат се работи на поставување на хантер даглас, на 6 кат се поставува паркет, додека пак до 6 кат со втора рака се молерисани плафони во станови, а се работи на молерисување на 9, 10 и 11 кат. На 1, 2 и 3 кат е поставена галантерија за електрика, а исто така и парапетни даски, додека пак до 4 кат се поставени паркет лајсни. Лепење графитен стиропор на балкони и ѕидови на фасада.

14.04.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции во трите влеза. Во првиот влез комплетирани се повеќе фази, како поставување на радијатори во станови, поставување маски за галантерија и електрика, финално молерисување на станови, поставени надворешни окапници на прозори, а во моментов се работи на поврзување на парно во ормари и сме до 6 кат, а на 1 кат започнавме со поставување на алуминиумски профили за стаклени огради. Во вториот влез комплетирано е: поставување на вентилатори во купатила, стаклени паравани во купатила, како и паркет во станови. До 10 кат се поставени собните и блиндор врати,  исто така поставени се и парапетни даски на прозори. До 6 кат сме со поставување на санитарија во купатила. Во третиот влез поставени се гипсани облоги во ходници и станови до 10 кат. Во моментов се работи на монтажа на хантер даглас во купатила на 4 кат, додека на 8 и 9 кат се поставуваат плочки во кујни и купатила. Со поставување на паркет сме до 3 кат, додека пак од 1 до 3 кат со втора рака се молерисани плафоните во станови, додека ѕидовите со прва рака. На приземје се ѕидаат преградни ѕидови за деловни единици. На ниво – 3 се монтираат вентилациони канали.

04.03.2022

Во првиот влез од 1 до 10 кат се поставени држачи за радијатори, исто така се поставени и плафоњерки на балкони. На 1 и 2 кат се поставуваат маски за галантерија и електрика. На 1, 2 и 3 кат финално се молерисуваат становите. Надворешни окапници на прозори се монтирани на 1, 2, 3 и на 7, 8, 9 и 10 кат. Во вториот влез од 1 до 6 кат се поставени вентилатори во купатила, а пак на 2 кат се монтираат стаклени паравани. Спуштен плафон во купатила е изработен на 6, 7, 8 и 9 кат. На 10 кат се поставува паркет во станови и со втора рака се молерисуваат плафоните. Исто така започнавме со обложување на ПП врати со огноотпорен гипс. Обработка на фасада со стиропор од 10 см, а на ѕидовите на балкони се нанесува мрежа и лепак. Во третиот влез од 1 до 8 кат се поставени метални конструкции за гипс облоги во ходници, на 4, 5 и 6 кат се работи на лепење плочки, додека пак на 9 кат се изработува цементна кошулица. На ниво -1, -2 и -3 се ѕидаат против пожарни ѕидови.

17.02.2022

На објектот се работи активно на повеќе позиции во трите влеза. Во вториот влез комплетирано е поставувањето на плочки во станови, на 1 кат се отпочна со монтажа на стаклени паравани во купатила, на 5 кат се работи на поставување на хантер даглас во купатила и собни врати, додека пак до 3 кат собните врати се комплетирани со первази. На 7 и 8 кат се поставува галантерија на електрика, а на 9 кат е поставена само во кујни и купатила. Со поставување на паркет сме до 8 кат, а на 9 кат со втора рака се молерисуваат плафоните. Лепење на графитен стиропор од 5 см на ѕидови на балкони и поставување на мрежа и лепак и лепење графитен стиропор од 10 см на фасадни ѕидови. Во третиот влез започна монтажата на плочки во станови и се работи на 1, 2 и 3 кат. На 7 кат се поставува цементна кошулица, а пак на 8 кат се глетуваат ѕидови и плафони. 10 и 11 кат се затворени со гипсани облоги и во моментот се прават опшивки. На 11 кат се работи на глетување на столбови и греди.

04.02.2022

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во првиот влез се комплетираат прагови на блиндор врати и цоклиња и се отпочна со шмирглање на ѕидови во ходници од 1 до 5 кат и се прави припрема за молерисување. Во вториот влез од 1 до 4 кат се работи на поставување на галантерија и електрика, додека на 6 кат се шмирглаат плафони и се молерисуваат со прва рака. До 5 кат се поставени паркет лајсни. Во третиот влез на 10 кат се глетуваат ѕидови и плафони, додека на 11 кат се поставуваат гипс облоги во станови.

18.01.2022

На објектот се работи активно на неколку позиции во трите влеза. Во првиот влез санитаријата е комплетирана од 1 до 10 кат, наместен е и хантер даглас до 10 кат, исто така комплетирано е поставување на галантерија и електрика и стаклени паравани во купатила. Во вториот влез на 10 кат се работи на поставување на плочки , на 1 и 2 кат се монтира спуштен плафон, додека на 5 кат се поставува паркет. На 2 кат се поставуваат паркет лајсни, а до 5 кат се поставени парапетни даски. Во третиот влез поставена хидроизолација во кујни и купатила и се прави припрема за лепење на плочки. На 6 кат е направена припрема за поставување на цементна кошулица, на 7 и 8 кат се глетуваат ѕидови и плафони. Од 6 до 11 кат е испитана и врзана електрична инсталација. Комплетирана е рехау инсталацијата за парно и е испитана една вертикала. Лепење на графитен стиропор од 5 см на ѕидови на балкони и поставување на мрежа и лепак и лепење графитен стиропор од 10 см на фасадни ѕидови.

17.12.2021

На објектот се работи активно на неколку позиции во трите влеза. На 6 кат се работи на спуштен плафон во купатила. На 4 кат поставување на паравани во купатила. Во вториот влез се работи на поставување плочки на 7, 9 кат и на 10 кат. Од 1 до 10 кат со гипс облоги се затворени ходниците. На 3 кат се поставува паркет. Во третиот влез се поставува цементна кошулица на 5 кат, а пак на 9 кат се поставува Rehau систем за парно до станови.

10.12.2021

На објектот се работи активно на неколку позиции во трите влеза. Во првиот влез се работи на поставување на пиластри на фасада и нанесување на завршен слој техника на ѕидови од фасада и кулир на пиластри. На 5 кат се работи на спуштен плафон во купатила. Од 1 до 10 кат се поставени рачки на прозори и врати исто така се работи и на опшивање со огноотпорен гипс картон на ПП врати. До 3 кат се поставени паравани во купатила. Со поставување на галантерија и електрика сме до 8 кат. Во вториот влез се работи на поставување плочки на 7, 9 кат, а на 10 кат се прави припрема за лепење. Од 1 до 10 кат со гипс облоги се затворени ходниците, исто така е испитана и врзана електрична инсталација и поставени се табли во станови. На 2 и 3 кат се работи на глетување и шмирглање на ѕидови. Во третиот влез на 10 кат се прави исполна на греди и столбови со машински гипсан малтер. На 2 и 3 кат се прави испитување и врзување на електрична инсталација. На 4 кат е завршено поставување на цементна кошулица, а се прави припрема на 5 кат.

04.11.2021

Во првиот влез е комплетирано поставувањето на внатрешни и блиндор врати од станови. Започнавме со поставување на хантер даглас во купатила и сме до 2 кат. Во вториот влез на 4, 5 и 6 кат се работи на поставување на плочки во кујни и купатила, на 9 кат се шмирглаат ѕидови и се нанесува прва рака поликолор. На 10 кат се поставува цементна кошулица. На 2 кат се глетуваат ѕидови,  а додека на 3 кат тавани. На 9 кат се малтерисуваат становите со гипсан малтер МП75, додека пак од 1 до 5 кат е испитана водоводната мрежа.

 

15.10.2021

Во моментов се работи активно на повеќе позиции на објектот. Во првиот влез е нанесен абрип на ѕидови и балкони. До 4 кат се комплетирани блиндор врати од станови, на 6 кат се работи на поставување паркет лајсни, додека на 8 кат се монтираат собни врати. Во вториот влез на 1 и 2 е комплетирано поставување на плочки во станови, а се прави припрема за поставување на 4, 5 и 6 кат. Исппитување на електрична инсталација во дозни на 4 кат, на 6 кат кат се прави припрема за 1 рака молерисување. На 9 кат се нанесува цементна кошулица. Во третиот влез на 1 и 2 кат се работи на глетување на тавани, на 5 кат се поставуваат ормари за парно, додека пак на 6 кат се работи на исполна на греди и столбови. Гипсан малтер се нанесува на 8 кат, додека цементен малтер во кујни и купатила на 10 кат. На 8 кат се поставуваат гипсани облоги во станови, додека на 7 кат се монтира развод за одвод по под.

29.09.2021

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во првиот влез е комплетирано поставувањето на паркет по станови, до 4 кат се комплетирани и блиндор вратите, додека пак на 7 и 8 кат се поставуваат собни врати и первази. Во вториот влез на 2 и 3 кат се поставуваат плочки во кујни и купатила, додека на 8 кат се изработува цементна кошулица. Низ целиот влез се работи на глетување на скалишно јадро. Во третиот влез на 3 кат се поставуваат вградени казанчиња во купатила, додека пак на 5 кат се работи на спроведување на довод на вода и исполна на греди со гипсан малтер. На 6 кат се нанесува гипсан малтер на ѕидови во станови, додека пак на 8 кат се нанесува цементен малтер во кујни и купатила.

22.09.2021

Во првиот влез се отпочна со поставување на челична конструкција во лифтовско окно. На 4, 5 и 6 кат се работи на поставување на внатрешни врати и первази, додека пак на 8 и 9 кат се работи на монтажа на паркет. Во вториот влез на 2 и 3 кат се поставуваат плочки во кујни и купатила, а пак на 4 и 5 кат се поставуваат гипс облоги во ходници. На 7 кат се изработува цементна кошулица, додека на 8 кат се прави изолација за истото. Отварање и гипсирање на дозни од 1 до 10 кат. Во третиот влез на 3 кат се прави исполна на греди со гипсан малтер, на 5 кат се малтерисуваат ѕидови во станови со машински гипсан малтер, а пак на 7 кат со цементен малтер се малтерисуваат кујни и купатила. Од 1 до 5 кат се работи на затворање со гипс картон на вентилациони канали во кујни и санитарни чворови.

09.09.2021

02.09.2021

Во првиот влез со поставување на паркет сме до 5 кат, а со поставување на парапетни даски на прозори сме на 6 кат. Во вториот влез на 5 се поставува цементна кошулица. додека на 9 кат се работи на глетување на ѕидови и плафони. На 10 кат се работи на инсталација на Rehau систем за парно. Исто така се лепи графитен стиропор на фасада на втор влез. Во третиот влез на 2 кат се работи на исполна на греди со гипсан малтер, додека на 4 и 5 кат се нанесува гипсан малтер на ѕидови во станови, а пак на 7 кат се работи поставување на електрична инсталација во кујни и купатила. До 10 кат се поставени прозорски крила, додека на 11 кат се монтирани само рамките за прозори.

24.08.2021

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во првиот влез до 10 кат се поставени блиндор врати, а исто така се поставени и против пожарните врати. До 3 кат се поставени влезни врати во станови. Со поставување на паркет сме до 3 кат, исто така и со поставување на парапетни даски на прозори. Со прва рака се молерисани сите станови од овој влез. Во вториот влез од 1 до 3 кат поставена е цементна кошулица, а во моментов се работи на 4 кат. На 1 и 2 кат се монтирани блиндор врати. На 7 и 8 кат се работи на глетување на ѕидови и плафони и поставување на дозни и гипсирање на истите. На 10 кат се работи на инсталација на Rehau систем за парно. Исто така се лепи графитен стиропор на фасада на втор влез. Во третиот влез од 1 до 5 кат се комплетирани со цементен малтер кујни и купатила. На 3 кат се нанесува гипсан малтер на ѕидови, а пак на 5 кат се работи на монтажа на развод по плафон за одводна инсталација. До 10 кат се поставени прозорски крила, додека на 11 кат се монтирани само рамките за прозори.

22.07.2021

Активно се работи неколку позиции на објектот, во првиот влез на 3 кат се поставува паркет во станови, додека од 5 до 8 кат се китираат и шмирглаат ѕидовите после прва рака молерисување. На 8 кат се работи на испитување електрика и поврзување во дозни. На 10 кат се поставуваат плочки на прагови и цокле на тераси. Во втор влез се работи на поставување на цементна кошулица на 2 кат, додека на 6 кат се спроведува инсталација од бакар за клими. На 7 кат се глетуваат ѕидови и тавани, а пак на 8 кат се поставува Rehau систем за парно. Во третиот влез на 2 кат се малтерисуваат со машински гипсан малтер ѕидовите во становите. На 4 и 5 кат се поставуваат гипс облоги во станови.

15.07.2021

06.07.2021

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во првиот влез започнавме со поставување на блиндор врати на 1 кат. Со шмирглање на ѕидови и тавани и молерисување со прва рака сме до 6 кат, а пак со глетување на ходници до 7 кат. Од 6 до 10 кат се работи на поставување на гранитни плочки на балкони, додека на 10 кат се поставуваат плочки во кујни и купатила. Во вториот влез со глетовање на ѕидови и тавани сме до 4 кат, а на 6 кат се работи на спроведување на Rehau инсталација за парно. Се прави припрема за испитување на водоводна инсталација од 5 до 10 кат. Во третиот влез на 2 кат се работи на каблирање во дневна и спална и се поставува одвод во купатила по плафон. Со машинско малтерисување со цементен малтер на кујни и купатила сме до 3 кат. Рамки за прозори поставени на 8, 9 и 10 кат, додека пак во целиот влез е комплетирана ѕидаријата.

29.06.2021

Во моментов се работи активно на повеќе позиции на објектот. Во првиот влез започнавме со нанесување на мрежа и лепак на фасадата. Од 1 до 6 кат се поставуваат гранитни плочки на балкони, а пак од 7 до 10 кат се нанесува хидроизолација. На 5 кат се работи на шмирглање на ѕидови и тавани и припрема за прва рака молерисување. На 6 и 7 кат се работи на глетување на ходници, додека пак на 10 кат се лепат плочки во станови. Во вториот влез на 3 и 4 кат се прави Rehau инсталација за парно, а исто така на 3 кат се глетуваат ѕидови и тавани во станови. Комплетирано машинско молерисување со гипсан малтер во целиот влез. Низ целиот влез се изработува одвод на балкони. Во третиот влез на 1 кат се работи на каблирање во станови односно во дневна и спална. На 2 кат се работи на машинско малтерисување со цементен малтер на кујни и купатила и на 11 кат се работи на ѕидарија.

23.06.2021

17.06.2021

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во првиот влез од 1 до 4 кат со прва рака се молерисани становите. Со поставување на гипс облоги во ходници сме до 9 кат, а пак на 8, 9 и 1о кат се работи на поставување на плочки во кујни и купатила. Изработка на фасада на источната страна и поставување на лепак и мрежа на балкони. Во вториот влез на 5 кат се работи на глетување на столбови, плафони и греди. На 6 кат се поставува Rehau инсталација за довод на вода, а до 10 кат се спроведуваат вертикали за водоводна инсталација. На 10 кат со гипсан малтер се малтерисуваат ѕидовите во становите. Од 1 до 5 кат е направено испитување на водоводната инсталација. Во третиот влез во тек е поставување на електрична инсталација во кујни и купатила од 1 до 5 кат. До 8 кат се поставени рамки за прозори, а пак до 6 кат се поставени крила. Со ѕидање на фасадни и преградни ѕидови сме до 11 кат.

03.06.2021

Во моментов се работи активно на повеќе позиции на објектот. На источната страна се работи на фасада и поставување на мрежа и лепак на балкони. На 4 кат се шмирглаат ѕидови и плафони во станови, додека пак на 5, 6 и 7 кат се поставуваат плочки во кујни и купатила. До 6 кат се поставени гипс облоги во ходници, а пак до 9 кат е коплетирано поставување на цементна кошулица и се прави припрема за 10 кат. Во вториот влез на 1 кат се работи на глетување на столбови, плафони и греди. Се прави припрема за испитување на водоводна инсталација до 5 кат. На 8 кат се малтерисува со машински гипсан малтер, а пак во целиот влез се поставени вертикали, ормари и убоди за парно инсталација. Во третиот влез со ѕидарија сме до 10 кат, а пак до 7 кат се поставени рамки за прозори.

26.05.2021

18.05.2021

На објектот работиме по посакуваното темпо. Во првиот влез започнавме со поставување на метална конструкција за гипс облоги во ходници на 1, 2 и 3 кат. На 6 и 7 кат се работи на поставување на плочки во кујни и купатила, додека на 8 кат се изработува цементна кошулица. Низ целиот влез се работи на глетување на скалишно јадро. Во вториот влез од 1 до 5 кат се поставени ормари за водовод и парно инсталација. Поставување на rehau водоводна инсталација од 1 до 5 кат. На 6 кат се работи на машинско малтерисување со гипсан малтер во станови. Во третиот влез започнавме со спроведување на електрична инсталација на 1 кат, исто така се отпочна со поставување на аголни лајсни на греди и столбови и се прави подготовка за исполна со гипсан малтер. Со поставување на рамки за прозори сме на 5 и 6 кат, а пак со поставување на крила сме до 4 кат. На 8 и 9 кат се работи на ѕидарија.

10.05.2021

Во моментов се работи активно на повеќе позиции на објектот. Во првиот влез на 4, 5 и 6 кат се работи на поставување на плочки во кујни и купатила. На 10 кат се глетуваат ѕидови, додека пак во целиот влез е комплетирано поставувањето на Rehau системот за парно по станови. Во тек е спроведување на главни доводни кабли за струја. Започнавме и со лепење на графитен стиропор на фасадата на влез 1. Во вториот влез на 5 кат се работи на малтерисување со гипсан малтер во станови. До 10 кат е комплетирано ѕидање со цементен малтер на кујни и купатила. Во третиот влез започнавме со поставување на метална конструкција за гипс облоги и моментално сме до 3 кат. Со поставување на рамки за прозори сме на 5 и 6 кат, а пак со поставување на крила сме до 3 кат. На 8 и 9 кат се работи на ѕидарија.

28.04.2021

На објектот работиме со супер темпо. Во првиот влез на 1, 2 и 3 кат се поставуваат плочки во кујни и купатила. На 6 кат се изработува цементна кошулица, додека пак на 9 кат се работи на глетовање на ѕидови и се поставува Rehau систем за парно по станови. Се поставува графитен стиропор од 5 цм на ѕидови и плафони од балкони. Во вториот влез на 4 кат се работи на машинско малтерисување со гипсан малтер, на 5 кат се исполнуваат греди и столбови, додека пак на 9 кат се работи на машинско малтерисување со цементен малтер на кујни и купатила. До 10 кат се поставени гипс облоги во станови, а со бандажирање сме до 9 кат. Комплетирано е поставување на електрика по станови. Во третиот влез се работи на ѕидање на фасадни ѕидови на 8 и 9 кат. До 4 кат се поставени рамки за прозори, додека на 1 кат се поставени и крила.

13.04.2021

Во моментов се работи активно на повеќе позиции на објектот. Во првиот влез започнавме со нанесување на хидроизолација и поставување на плочки во кујни и купатила. На 5 кат се работи на припрема и изработка на цементна кошулица, а пак на 6 кат се поставува Rehau систем за парно по станови. Во вториот влез на 3 кат се малтерисуваат ѕидови со гипсан малтер, додека пак на 6 кат се работи на машинско малтерисување со цементен малтер на кујни и купатила. Со поставување на електрична инсталација во кујни и купатила сме до 10 кат. Во третиот влез на 6 и 7 кат се работи на ѕидање на фасада и преградни ѕидови.

31.03.2021

17.03.2021

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез на првиот кат се комплетирани цементни кошулици во станови и ходник, на вториот кат се работи на глетување на ѕидови, додека пак на 5 кат се поставува Rehau систем за парно по станови. На 10 кат се работи на машинско малтерисување со гипсан малтер во станови. Во вториот влез на првиот кат започнавме со машинско малтерисување со цементен малтер на кујни и купатила. На 7 кат се поставува електрична инсталација во кујни и купатила, додека пак 9 кат се поставија пвц крила. Во третиот влез се работи на ѕидање на фасадни ѕидови со термо блок 20 см на 2 и 3 кат. Со бушење во плоча за вертикална инсталација за довод и одвод на вода сме до 6 кат.

11.03.2021

Во првиот влез на 1 кат започнавме со поставување на стаклена волна и фолија, а потоа и изработка на цементна кошулица. На 3 кат се монтира Rehau систем за парно по станови, на 4 кат се глетуваат ѕидови, а додека пак до 6 кат се поставени држачи за клима уреди. Машински малтер се нанесува на 10 кат на ѕидови во станови. Во вториот влез од 3 до 7 кат во тек се гипсарски работи по станови, додека на 5 кат се работи на спроведување на електрични кабли. На 7 кат со контакт бетон се премачкуваат греди и столбови. Во третиот влез на 1 кат се комплетира ѕидаријата и се прави припрема за ѕидање на 2 кат. Шаловање, армирање на плоча на кота 35.55, платформа 1.200.

04.03.2021

24.02.2021

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез со машински малтер се исполнуваат греди и столбови на 7 кат, додека на 8 кат ѕидови во станови. Вертикална инсталација за парно поставена до 10 кат и е извршено испитување, а пак на 10 кат се работи на затворање со гипс табли. Во вториот влез се поставуваат вертикали за довод на вода. На 4 кат се поставува електрична инсталација и се монтира метална подконструкција за гипс картон, на 5 кат се поставени рамки со крила, додека на 6 кат се монтирани само рамки за прозори и врати. На третиот влез се работи на шаловање и армирање на плоча на кота 26.80, платформа 900.

09.02.2021

04.02.2021

На третиот влез се работи на шаловање, армирање и бетонирање на плоча на кота 18.10, платформа 600. Во вториот влез на 9 кат се ѕидаат фасадни и преградни ѕидови со термо блок, на 3 кат се монтираат пвц рамки на прозори и врати и се поставува одводна инсталација во купатила. Во првиот влез на 9 кат се работи на исполна на греди и столбови со машински малтер, додека пак на 2 кат се поставуваат ормари за парно. Од 1ви кат до 5ти е испитана водоводната инсталација.

29.01.2021

21.01.2021

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во влез 3 се бетонира плоча на платформа 300 или плоча за 3 кат. Во вториот влез се работи на фасадна и внатрешна ѕидарија на 8 кат, а започнавме и со поставување на конструкции за гипсани облоги. Во првиот влез се поставуваат вертикали за парно, со гипс облоги во купатила и вентилациони канали сме до 5 кат, а пак со одводна инсталација сме до 6 кат. На 10 кат се монтираат пвц ракми од прозори.

22.12.2020

09.12.2020

Шаловање на плоча на ламела 3 на кота -5.20. Во првиот влез со малтерисување на греди и столбови сме на 2 кат, додека пак со машинско малтерисување со МП75 сме до 4 кат. До 5 кат се поставени прозорски рамки и крила, а додека на 6 кат се поставени само рамки. Во вториот влез на 6 кат со термо блок се ѕидаат фасадни и преградни ѕидови.

03.12.2020

18.11.2020

10.11.2020

Во моментов на објектот се работи на неколку позиции. На првата ламела се работи на ѕидарија на 9 кат, на 3 кат се поставуваат крила и рамки за прозори. На 5 кат со машински малтер се малтерисуваат кујни и купатила. На 6 кат се работи на спроведување на електрична инсталација. На втората ламела се работи на ѕидарија на фасада и преградни ѕидови на 1 кат, додека на кота 29.70 до кота 32.65 се работи на шаловање и армирање на столбови.

04.11.2020

27.10.2020

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. На првата ламела се работи на ѕидарија на 8 кат. Шаловање и армирање на столбови од кота 21 до кота 23.9 односно одиме кон 8 кат. Конструкции за гипсани облоги се поставени до 6 кат, додека пак со поставување на гипс сме до 5 кат. Започнавме и со нанесување на цементен малтер во станови на 1 кат.

21.10.2020

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. На првата ламела се прави припрема за започнување со ѕидарија на 8 кат. На втората ламела се работи на шаловање и армирање на греди и плоча на кота 18.10 или 6 кат, додека пак започнавме со ископ за ламела 3. На првата ламела до 5 кат се поставени конструкции за гипсани облоги, а пак гипсани облоги се поставени до 3 кат. На првиот кат се поставени прозорски крила во рамки и се отпочна со поставување на 2 кат.

14.10.2020

06.10.2020

Во моментов на објектот се работи на неколку позиции. На 2 кат се поставуваат рамки за прозори, на 3 кат се спроведуваат кабли во станови и се монтираат конструкции за гипсани облоги. Додека пак на 7 кат се работи на внатрешна и фасадна ѕидарија. На втората ламела се работи на шаловање, армирање и бетонирање на столбови од кота 6.50 до кота 9.40.

30.09.2020

24.09.2020

На првата ламела на првиот кат започнавме со поставување на конструкции за гипсани облоги во станови. Со внатрешна и надворешна ѕидарија сме до 6 кат, додека пак на втората ламела се работи на шеловање, армирање и припрема за бетонирање на плоча на кота 3.60.

14.09.2020

11.09.2020

Бетонирање на столбови и шаловање и армирање на плоча на ламела 2.

03.09.2020

Шаловање и армирање на плоча на ламела 2, додека пак со ѕидање на фасадата и преградните ѕидови се работи на 4 и 5 кат.

27.08.2020

21.08.2020

Ископ на ламела 2, бетонирани темели и подготовка за армирање на подна плоча на кота -7.80. Со ѕидање на фасадата и преградните ѕидови се работи на 2 и 3 кат.

12.08.2020

На објектот GA09 работите се одвиваат по посакуваното темпо. Започнавме со поставување на дрвена кровна конструкција, со ѕидање на фасадата и преградните ѕидови се работи од 1 до 3 кат. Исто така започнавме и со ископ за втората ламела.

30.07.2020

Во влезот 1 од GA09 веќе започнавме со ѕидање на надворешните и внатрешните ѕидови. За сите останати информации околу текот на изградбата, може да го погледнете ова видео.

22.07.2020

Во тек е шаловање и армирање на плоча на кота 29.70, платформа 1.000. Припрема за отпочнување со ѕидарија.

14.07.2020

Во тек е шаловање и армирање на плоча на кота 23.90, платформа 800, односно 8 кат.

07.07.2020

Шаловање и армирање на плоча на кота +21, платформа 700.

30.06.2020

24.06.2020

Шаловање и армирање на плоча на кота +12.10.

16.06.2020

Шаловање и армирање на плоча на кота +5.50.

10.06.2020

03.06.2020

Шаловање и армирање на плоча на кота 0.

20.05.2020

06.05.2020

Се прави припрема за поставување на плоча.

06.05.2020

30.04.2020

Во моментов се бетонираат темелите на објектот.

24.04.2020

Започнавме со ископ за поставување на темелите на објектот. Се работи внимателно и според сите мерки за заштита од COVID-19.