Голден Арт е една од најпрепознатливите компании која се залага за енергетска ефикасност, чија работа и постигнувања ќе ги претстави генералниот директор Ивица Јакимовски, во склоп на панел дискусијата за енергетската ефикасност како главен фактор за намалување на потрошувачката на енергија по 2030 година.
Годинава, Македонскиот енергетски форум е организиран околу темите на глобалната енергетска транзиција, нови енергетски извори, енергетска ефикасност и предизвиците на регионот на Југоисточна Европа кон глобалните трендови.
Форумот е иницијатива на АД ЕСМ – АД Електрани на Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, Амбасадата на САД во Скопје и ZIP институтот.
Од 15ти до 17ти мај во Струга, се случува вториот Форум за Енергетска Ефикасност. Настанот е отворен од страна на премиерот на Република Северна Македонија, г-динот Зоран Заев, а како панелисти учествуваат домашни и странски гости од Шпанија, Израел, Унгарија, Германија итн. Домашните гости доаѓаат од институции кои се надлежни за спроведување на политики за енергетска ефикасност, и од домашни компании кои се познати по своите напори и принципи на енергетска ефикасност.