„Ентрада“ вашето луксузно зелено прибежиште во градот

Ако се уште можеме да говориме за градска населба со буквално недопрени и зачувани зелени површини тоа би била скопската населба Гази Баба со својата заштитена парк шума. Парк шумата е заштитена со Закон во 2015 година, токму поради фактот дека таа претставува градски бели дробови на Скопје ослободувајќи над 970 тони кислород. Замислете! Токму во оваа зелена скопска населба, ние одлучивме да го изградиме нашиот интимен „Ентрада“ објект за домување, уникатен по многу свои одлики и перформанси. Навистина како долгоочекувана атрактивна локација, „Entrada“ комплексот е помал од останатите „Golden Art” комплекси, замислен како едно големо семејство на идни среќни станари. Навистина интимен објект, кој на своите идни станари ќе им даде „Golden Art” квалитет и сигурност на домување по многу поповолна цена, а на лесно пристапна локација.

Трособните станови во „Ентрада“ се вистински одбележани со заштитниот знак на „Голден Арт“ начинот на градење –  максимална функционалност и комфор со сите потребни стандарди од Голден Арт Системот на градба, а секој од овие трособни станови кој вие ќе го изберете за свој иден дом (а не само стан!) е под гаранција. Одберете ја вашата среќна бројка од овие навистина идеално скроени трособни единици: 3, 7, 11, 15 или 19 –  бидејќи само уште тие се достапни, а според досегашното искуство, не за долго!  Уште при самиот влез во овие трособни станови во очи ви паѓа навистина големата дневна соба која е замислена како душа на овие станови, но кога ќе ги погледнете останатите 2 спални соби, вие добро знаете дека тие не се воопшто помалку комфорни или пространи, напротив – се е доволно комотно, дури и самиот ходник на влезот. Кујната и трпезаријата се во симбиоза со дневниот престој така што вие не пропуштате ниту миг од вашите свети семејни моменти. Терасата е тивкото катче која ви е достапна и преку дневниот престој, но и секое утро веднаш после будењето – од спалната соба.

За „Ентрада“, може да почнеме од самиот влез каде е обезбедена максимална сигурност преку вградувањето на ултра сигурносните врати, а приклучокот на централно греење обезбедува максимална ефикасност во овие кризни времиња. Тука, повторно улога игра Голден Арт системот на градба кој го споменуваме упорно, а вие ќе знаете зошто кога сметките за вашиот иден дом во  „Ентрада“ ќе бидат пет до шест пати пониски во однос на останати објекти, кои не се градени на овој начин. Вградените лифтови во „Ентрада“ покрај луксузниот и футуристички дизајн – како од филм, лесно ве носат до паркингот, а доколку сакате да се раздвижите секое утро – скалишното јадро ви ветува величествен прв впечаток секој ден!

„Ентрада“ е посебна и по тоа што има два влеза. Приземјето е резервирано за деловните простории, додека катовите пак се  за станбена намена, за домување. Паркирањето е трајно решено со подземното ниво, секако, задоволен е потребниот број на паркинг места за станарите, но и за корисниците на деловните простории.

Ликот на „Ентрада“ е современ, префинета симбиоза на највисоки естетски и енергетски стандарди, а нејзината локација обезбедува ултра брза сообраќајна поврзаност со главни точки од интерес како центарот на Скопје или пак најголемиот шопинг центар баш во вашето маало, образовните институции кои се на дофат на раката, здравствените установи итн.

Тросбните станови во „Ентрада“ комплексот од „Голден Арт“ се вашето право на свеж кислород и интимност по најпристапна цена во нашата метропола!

Корисни информации за објектот:
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А
Google Maps локација: кликнете тука
Катност:

  • Bлез 1:приземје + 5 ката + поткровје
  • Влез 2:приземје + 4 ката + поткровје

Број на станови: 34 во 2 влеза
Површини на станови: 26,6 до 61,2m²