„Микро станови“ е новиот buzz-термин во светот на недвижностите! Во големите градови како Њујорк, Бостон, Лос Анџелес, па дури и некои од европските градови, актуелен е проблемот со пренаселување, па архитектите пред себе го поставуваат предизвикот да докажат дека животот во мал простор не треба да значи „живот без стил“, напротив.
Трендот на микро домови е особено популарен кај миленијалците со брз начин на живот, особено бидејќи микро становите се лесни за одржување и организирање. Помала квадратура значи и помал дел од буџетот кој се издвојува за купување стан, а ова пак значи дека остануваат повеќе средства за вложување во други нешта, како бизнис, па можеби и патувања 😉
Денеска Ви ги прикажуваме One Santa Fe становите, со максимална површина од 45 метри квадратни и одличен дизајн! Во целиот комплекс има место за дружење, вежбање и ресторан за германски колбаси за гурманите 😀 Разгледајте ја галеријата и украдете некоја идеја! 🙂