ЕЛЕГАНТНО И МОДЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА ВАШАТА ДНЕВНА СОБА

54ff8225950aa-living-rooms-green-amy-de

Дневната соба е идеално место за опуштање и уживање во секој дом. Ако имате посебна спална соба значи Вашата дневна соба често ја користите за седење, читање, релаксирање, гледање телевизија, играње игри и поминување време со семејството. Токму поради тоа, од особена важност е да ја уредите на уникатен начин вклучувајќи детали кои даваат чувство на пријатност и комфорт. Сè што треба да направите пред да почнете да ја преуредувате Вашата дневна соба е да посветите внимание на овие 3 основни правила.

Одберете го вашиот стил
Пред да почнете да купувате мебел за Вашата дневна соба мора да се одлучите во каков стил би сакале да ја уредите. Комбинацијата од модерно, луксузно и уникатно е секогаш добитна 🙂

Одберете централна точка
Централна точка би можело да биде било кој елемент во собата, но најчесто тоа е ТВ комодата. Поставете го телевизорот во агол до кој нема да може да стигаат сончевите зраци од прозорецот или терасата и така нема да имате проблеми со рефлексијата.

Искористете го просторот максимално
Иако во дневната соба се наоѓаат повеќе елементи секогаш останува по некој мал простор кој не е искористен. Тој простор може да се пополни со полици, фотографии, уметнички слики или одредени видови на цвеќиња и украси.