Кога две деца делат една заедничка соба, од особена важност е да се искористи максимално секој сантиметар при уредувањето.
Ние имаме неколку идеи, како да ја уредите детската соба за две деца, а при тоа и тие да се чувствуваат пријатно во неа.
Кога собата е широка имате повеќе можности. Една од нив е поставувањето на два кревети паралелно на дрвена платформа или во рамка како на сликите. Просторот под и над креветите може да се искористи за складирање на постелнини, облека или играчки.
Предноста на овој тип на уредување е што креветите може да се користат и како каучи само со додавање на големи перници, па така детската соба по потреба може да стане и помошна дневна соба за најмалите гости.
Наједноставна опција се креветите на спрат бидејќи така се добива најмногу простор. Со ваков тип на кревети може да импровизирате и да создадете дополнителен складишен простор со фиоки.
Доколку просторот ви дозволува и имате слободен агол во детската соба, ова е идеално решение за поставување на два кревети. Исто така ваквите кревети може да се постават повисоко со цел да се добие фиока или мини плакар во самиот кревет.
Доколку сакате да направите некаква физичка поделба на собата, а не знаете како, наједноставно и интересно решение се полиците. Една ваква тесна, мини библиотека ќе го подели просторот и визеолно ќе направи собата да изгледа поголемо. Ова решение е многу актуелно кога се работи за детска соба за момче и девојче.
За крај еве уште неколку интересни детски соби кои сигурно ќе ви дадат инспирација.