Малиот стан може да биде доста ограничувачки кога станува збор за имплементирање на посакуваните идеи за уредување. Во галеријата која следува ќе видите фотографии од стан со две соби кој е и естетски, и функционален.
Па, како го направиле тоа? Како што гледате, распоредот на станот вклучува ходник, две соби, кујна и бања. Со цел да постигнат високо ниво на практичност, дизајнерите го искористиле секој агол од домот. Ходникот – делот со црвен тапет е топол и оддава чувство на гостопримство со елементите како малечка маса и фотелја. Ова го претвора во посебна соба. Чувството за просторност е постигнато со белите ѕидови и светлината. Дневната соба е модерна и вклучува пријатен простор за читање блиску до прозорецот.
Од многуте идеи и инспирација кои го прават овој стан малечко совршенство, сигурни сме дека ќе ги најдете идеите кои се соодветни за Вашиот дом 🙂