Како изгледа домот на еден дизајнер?

Apartment-in-Budapest-by-Flying-Objects

Andras Hunfalvi, индустриски дизајнер и сопственик на Унгарско дизајн студио Flying Objects, ни ја испрати приказната за неговиот ремоделиран стан во Будимпешта. Вели дека иако студиото обично не работи на ентериери, „методите кои ги користиме во секојдневната работа беа многу корисни за дизајнот на мојот дом. Направив новата градба да добие лик на нешто класично и безвременско, и многу сум задоволен од резултатот.“

Apartment-in-Budapest-by-Flying-Objects-1

Реновирањето на неговиот сопствен стан му дало на дизајнерот можност да навлезе подлабоко во дизајнот на ентериер. „Кога се обидов да најдам „гнездо“ за мене и моите најмили, барав место со одлични можности“, вели Хунфалви. „Како дизајнер, имам среќа што можам да го согледам најдоброто во секоја просторија. Потрагата по стан траеше долго, прво сакав да најдам стар стан и да го реновирам, но подоцна ги споредив сите карактеристики и одлучив дека е попаметно да додадам традиционални детали во нова градба, најмногу поради трајноста и новите еко-материјали на пазарот. Ми се чинеше како празно платно на кое можам да насликам се што сакам. Го најдов совршениот стан и, и покрај тоа што му требаа мали преправки, се вљубив во замислата за она во што станот ќе се претвори.“

Apartment-in-Budapest-by-Flying-Objects-2

Површината од 95 метри квадратни им посакува добредојде на посетителите со светолд дизајн инспириран од стилот и желбите на дизајнерот: „Во мојата работа, но и во животот, сакам убаво дизајнирани, чисти, забавни практични парчиња. Ме инспирира скандинавскиот дизајн, но не сакав мојот ентериер да биде само скандинавски, искористив многу елементи од државата и стилот на самата Будимпешта.“

„Основата беше чист, релаксиран, топол изглед со средновековно-модерни елементи. Го надополнив со предмети што ги сакам: редок порцелан од стари унгарски производители, слики од моите пријатели, винтиџ кујнски елементи и многу книги кои го надополнуваат духот на станот. Искористив едноставни светилки и научив многу за осветлување во текот на целиот процес.“

На прашањето кое му е омилено катче од домот, дизајнерот ни рече „Не можам баш да се одлучам, зависи од расположението. Некогаш е старата фотелја која се ниша, кога е топло, работам и читам во трпезаријата.“

Па, дизајнерот очигледно не е единствениот кој се вљубил во овој убав дом, ние дефинитивно ја пронајдовме инспирацијата за нас 🙂

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!