Дом како од бајка

SL3

Со инспирацијата за уредување се враќаме токму на денот на жената, па поради тоа, ова е дизајн особено наменет за дамите. Овој дом од 62 метри квадратни е сместен во Остермалм, предградие на Стокхолм особено познато по убавите домови.

Доминантни во дизајнот се светлите и неутрални нијанси на бело и сиво, со сосема доволна доза на циркони, цвеќиња, кадифе, свеќи и светки за сè да делува како да е излезено од бајка! Дневната соба ја чинат два големи троседи меѓу кои елегантно е поставена правоаголна клуб масичка изгработена од дрво. Големите прозорци кои го осветлуваат овој дел од домот го прават совршен за релаксација, читање и уживање! Со висечкиот лустер поставен над центарот на просторот, визуелно ја одвојува дневната од останатите наменски делови на просторијата која во целост е уредена со open-plan концепт.

Трпезаријата ја сочинуваат 4 големи столици, маса од исто дрво како онаа во дневната и она што навистина ја прави посебна е удобната софа за седење која, сигурни сме, секој оброк го претвара во уживање. Одлична идеја доколку немате доволно простор за трпезаријата да ја поставите централно!

Кујната е чиста, и добро организирана, без вишок предмети врз површините за подготвување храна. Од остатокот од просторот е визуелно одделена со големиот шанк во кој е вградена и плотната за готвење.

SL10

Слатките и неодоливи елементи се провлекуваат насекаде низ станот, па ни спалната не е исклучок. Погледнете ја – се чини како да го има најудобниот кревет на светот! А за нештата да бидат уште посовршени, тука е и walk-in плакарот во кој има доволно простор за сите ситници кои ние жените секогаш велиме дека ни требаат, а тоа скоро никогаш не е вистина… 😀